Емотивно видео од Хрватска : Другарите го кренаа младоженецот во инвалидска количка за да ја бакне невестата

Хрватската јавност се разнежи од љубовната приказна на Јосo, момче во инвалидска количка, кое на денот на својата свадба стана со помош на другарите за да може да ја прегрне и бакне својата сопруга на најубавиот ден од нивниот живот.

emotivno-video-mladozhenec-vo-invalidska-kolichka-od-zadar-stana-so-pomosh-na-drugarite-za-da-ja-bakne-nevestata-01.jpg

Свадбите знаат да расплачат многумина, но свадбата која се одржа неодамна во Задар, стана хит на социјалните мрежи, а младоженецот и неговите другари се вистинска инспирација за сите.

Младенците, Јосо и Луче од Задар, првиот свадбен танц го имаа на песната на Томислав Ивчиќ „Ти си најлепша“, но бидејќи младоженецот е во инвалидска количка, Луче играше околу него, а седна и во неговиот скут и тој ја вртеше на подиумот со количката.

Но, во еден момент, на помош му дојдоа другарите и го кренаа за да може да ја прегрне својата невеста.

emotivno-video-mladozhenec-vo-invalidska-kolichka-od-zadar-stana-so-pomosh-na-drugarite-za-da-ja-bakne-nevestata-02.jpg

„Сите имаме илјада желби, а Јосе имаше само една - да танцува со својата Луче. И кога мислите дека сè е невозможно, дури и тоа невозможно станува многу возможно!

Желбата го победи стравот, соништата станаа реалност, а она што следеше не остави никого рамнодушен. Наплив од емоции, љубов, среќа, благодарност“, пишува во објавата на Инстаграм.

„Колку трогателно, не се опишува“, „Плачам, секоја чест“, „Овие момци се вистински пријатели, вистински мажи“, „Ова е доказ дека вистинската љубов нема граници“, стои во коментарите.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Запознав психопати кои пробаа да ме скршат“ - Нина Бадриќ искрена, откако маж ја демнеше 2 години „Ме уценувале, сум доживувала неправди и обиди за застрашување од моќни мажи. Су...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Трипати се мажела, на сопругот му признала дека е вљубена во друг - Бурниот љубовен живот на актерка... Додека ја снимала „Bolji život“, го изневерила првиот сопруг. Светлана зад ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Домашни и регионални познати личности кои ѝ дадоа втора шанса на љубовта (и некои од нив зажалија) Горан Иванишевиќ ја изневери првата сопруга, но таа му прости, па уште неколку г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg