Уметничкото име го зела од порно актерка, работела како стриптизета: Која е српската раперка Мими Мерцедез?
- Детали
- сабота, 02 декември 2023
Ја сакаат и народњаците и раперите и гасерите… Важи за една од најконтроверзните српски пејачки. Отворено признава дека работела во стриптиз клуб пред да стане позната, а во нејзините стихови без „влакна на јазик“ ги прозива сите – Која е Мими Мерцедез?
Мими Мерцедез важи за една од најконтроверзните српски раперки, која брзо привлече внимание кај помладата публика заради скандалозните текстови на песните, но и заради нејзината животна приказна.
Мими Мерцедез е родена како Милена Јанковиќ, во 1992-ра година во Белград, а нејзиното уметничко име нема никаква врска со германскиот бренд автомобили, туку со порно актерката Нина Мерцедез, за која Мими во една пригода рече дека ѝ е како „мајка“.
Додека била во средно, Мими сакала да биде независна, па почнала да работи во стриптиз клуб.
Таа во една пригода откри дека го соблекувала само горниот дел од облеката и дека таму научила како да се однесува на сцената.
Нејзината поранешна шефица, Бранка Блек Роуз која е сопственичка на стриптиз клубот и ѝ давала часови по танц и стриптиз, во една пригода откри дека родителите на Мими не биле задоволни со нејзината одлука да работи таму:
„Мими дојде кај мене и тогаш беше многу професионална. Нејзината мајка, кога слушна за тоа, дојде кај мене и јас ѝ објаснив дека ќерка ѝ е побезбедна кај мене во клубот, отколку на улица.
Кај мене важи правилото дека нема проституција и наркотици, дури и правам нарко тестови не само за танчарките, туку за сите вработени“.
Во едно интервју, Мими отворено зборуваше за овој период од својот живот и рече дека не се одлучила да работи во стриптиз клуб затоа што немала пари, туку тоа била искалкулиран чекор.
„На стриптиз не ме натера ниту гладта, ниту љубовта, туку рационалната калкулација.
Ми се смачи да немам пари за некои работи што ги сакам, размислував долго за тоа што би можела да работам без врски, а платата да ми биде поголема од 20.000 динари.
Се откажав од тоа затоа што не сакам да ’рмбам и рапот тоа ми го овозможува“ – изјави таа.
Во друго интервју Мими призна дека овој период од животот мошне тешко им паднал на нејзините родители.
Тие биле загрижени заради нејзиниот екстремен начин на живот, па се плашеле дека нивната ќерка може да заврши со сериозни проблеми.
Рап кариерата ја започнала како членка на рап колективите Bombe Devedesetih и BFOĐ (Bahata familija obrijane Đane), а нејзината песна во 2011-та година беше симната од Јутјуб.
Важи за една од најскандалозните и најнекомерцијалните пејачки на српската музичка сцена, а интересно е што од самиот почеток на кариерата, најголема поддршка добила од Реља Поповиќ и Николија, кои често ги споделуваа нејзините видеа.
Денес Мими е омилена како кај раперите, така и кај гасерите, но и кај народњаците и фолкерите. Таа во 2019-та година имаше дует со Стоја, со која го снимија хитот „Жена са Балкана“, а настапи и на промоцијата на двата албума на Јелена Карлеуша.
Б. С. Б. | Црнобело