Познати Србинки кои претрпеле физичко насилство од своите партнери - денес се силни и самостојни
- Детали
- сабота, 02 декември 2023
Наташа Беквалац, Мина Лазаревиќ - Пејачки, актерки и спортистки од Србија се охрабрија и јавно проговорија за насилството кое го трпеле од своите партнери, со надеж дека ќе ја зголемат свеста за овој сериозен проблем.
Многу дами од српската јавна сцена отворено проговорија за физичкото насилство кое го доживеале.
Насилството врз жените е тема за која во последниве години сè почесто се зборува во јавноста.
Многу жени и покрај поголемата свесност и јавното говорење, и денес се жртви на насилство, но неретко им е страв да побараат помош.
Поради ова, многу жени кои се познати одлучуваат да ги споделат нивните потресни приказни, со надеж дека ќе ги охрабрат и другите жртви.
Ова се само дел од дамите од српската естрада кои доживеале насилство од својот партнер и одлучиле да проговорат за тоа:
Наташа Беквалац
Во 2018 година, пејачката Наташа Беквалац го пријави сопругот Лука Лазукиќ дека ја претепал во нејзиниот стан на Дедиње, само четири месеци по породувањето.
Парот набрзо се најде на суд, а само една година подоцна, Лазукиќ беше осуден на осум месеци затвор и три години условна казна за нанесена мала телесна повреда врз пејачката.
Маја Маријана
Пејачката Маја Маријана неодамна проговори за насилството кое го трпела од нејзиниот поранешен партнер Младен.
Прво не сакала да го пријави, но по убедување на докторот пејачката отишла во полиција.
„Почнавме да се расправаме во автомобилот за нешто ситно. Расправијата стануваше сè поголема, а ние викавме еден на друг.
Младен во еден момент ми удри толку силна шлаканица, што за малку ќе изгубев свест“, изјави пејачката.
Како што подоцна беше откриено, ова за жал не било првпат Маја да трпи насилство од нејзиниот избраник во тоа време.
Јелена Карлеуша
На Божиќ минатата година, пејачката пријави дека сопругот Душко Тошиќ ѝ удрил шлаканица.
И, ова не било првпат Јелена да го пријави Душко во полиција.
Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека ѝ ја свиткал раката, а тој негираше и тврдеше дека се расправале бидејќи имале несогласувања во бракот.
Миа Борисављевиќ
Пејачката Миа Борисављевиќ беше нападната од нејзиното поранешно момче по настап во еден белградски клуб.
По кратка расправија со него, тој ѝ удрил неколку шлаканици, а таа веднаш отишла во полиција и го пријавила.