Маид Хеќимовиќ од X-фактор: Има 3 деца, Лепа Брена го обожава, се плаши од анонимноста
- Детали
- сабота, 25 ноември 2023
Кога пред 10 години се натпреваруваше во регионалното шоу Х-фактор, преку ноќ стана миленик на публиката. Го нарекуваа морален победник во шоуто, бидејќи заврши на 3-то место, зад Даниел Кајмакоски и Тамара Милановиќ. Се сеќавате ли на Маид Хеќимовиќ?
Пејачот Маид Хеќимовиќ стана популарен во 2013 година, кога се појави во музичкото натпреварување Х-фактор. Се пласираше на третото место, но неговата изведба на легендарната песната „Odiseja“ од Лео Мартин не остави никого рамнодушен и се зборува и денес.
По натпреварот, шармантниот музичар од Босна почна да гради кариера во регионот, но одеднаш исчезна од сцената и долго време за него не се знаеше скоро ништо.
Денес, 10 години подоцна, тој изгледа скоро исто, но веќе е оженет и има 3 деца.
Роден е во 1984 година во Орашје, Босна, каде што завршил средно медицинско училиште.
Мајката на Маид починала кога имал 18 години, а тој и денес вели дека таа му била ментор и најдобрата пријателка и дека не може да ја преболи нејзината прерана смрт.
Мајка му аматерски се занимавала со пеење и од неа Маид го наследил музичкиот талент.
Но, подеднакво талентиран за музика бил и татко му, од кого пејачот научил да свири гитара.
На починатата мајка ја посвети и песната „Kao moja mati“ која ја пееше во финалето на Х фактор, па веднаш по настапот изјави дека во него се појавиле и „гордост и инает“ кога почнал да ја пее.
По финалето тој изјави и дека се плаши од анонимноста и дека не знае како ќе реагира ако еден ден публиката го заборави.
И покрај тоа, долго време не снима нови песни, но вели дека не е точно дека исчезнал од сцената.
„Не е точно дека исчезнав, но не сум толку многу присутен во медиумите. И сега се занимавам со музика, постојано работам, но одамна не сум снимил ништо.
Едноставно, се изгубив себеси во сето ова што се случува на нашата балканска сцена“, рече неодамна Маид во едно интервју.
Тој призна дека за една песна се потребни многу пари, но тоа што тој би сакал да го сними е сосема различно од моменталниот вкус на публиката.
„Ова што би го снимил за своја душа нема да помине, а не сакам да вложувам пари во нешто што не ми се допаѓа, колку само да помине редот.
Но, мислам дека е време да се вратам, дури и со неколку кавери кои сакам да ги снимам одамна“, вели тој.
Иако долги години го нема на сцената, Маид признава дека и сега има луѓе кои го препознаваат и сакаат да се сликаат со него.
Од шоуто поминаа 10 години, а Маид вели дека во тоа време голем „ветер во грб“ му бил неговиот ментор од Х-фактор, Жељко Јоксимовиќ.
Маид често пеел со Жељко на неговите концерти и по крајот на натпреварот, што му отворило и друго можности, но тој, за жал, не ги искористил.