„Лицето ми се парализира од силен провев“ – Србинка ја сподели својата приказна за сите што се потсмеваат со промајата
- Детали
- сабота, 11 ноември 2023
Билјана била изложена на силен провев, па неколку дена после тоа лицето ѝ се парализирало. Кога се погледнала во огледало доживеала огромен шок.
Во српската емисија „Момент од соништата“ (Trenutak iz sna), Србинката Билјана Черниќ раскажува што доживеала откако била изложена на провев.
Провевот, на Балканот познат како промаја, се смета за најголем непријател на луѓето од овие простори.
Често на шега се вели дека нашиот народ се плаши само од сиромаштија и промаја.
Но, приказната на Билјана е доказ дека провевот и тоа како треба да е причина за страв.
Провевот може да предивика настинка и гавоболка, но може и сериозно да го загрози човековото здравје.
Билјана која работела во ФК „Војводина“ како чистачка била изложена на силен провев додека ги бришела прозорците.
После неколку дена откако се разбудила забележала искривување на устата.
Веднаш отишла во болница, каде ѝ биле направени сите прегледи и било утврдено дека не станува збор за мозочен удар.
„Почнав да плачам, не знаев што се случува. Отидов во Ургентен центар и таму ми ја снимија и главата. Ми рекоа дека не е мозочен удар.“, изјави Билјана и додаде:
„Ме прашаа дали сум била изложена на провев. Им реков да, додека бришев прозорци. Потоа ми дијагностицираа парализа на лицето“.