Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград на вода“? (видео)
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на уметнички дела. Подно греење има и на терасите, со поглед кон реката Сава. Ѕирнете во овој белградски раскош...
„Белград на вода“ е една од најскапите локации за живот во Србија и една од најатрактивните.
Цените по квадрат се вртоглаво високи, а сега на Твитер кружи видео од стан, на оваа локација, кој е еден од најлуксузните и чини повеќе од 1 милион евра.
Во станот е внимавано на секој детаљ и сè е со највисок можен квалитет.
Радијаторите наликуваат на уметнички дела и чинат по 3.000 евра парче, а пак четката за тоалетната школка чини неверојатни 700 евра.
Во станот има подно греење дури и на терасите, од каде се гледа реката Сава, најквалитетен италијански паркет од 260 евра квадрат и вграден е најмодерниот систем за комплетно управување со домот.
Ѕирнете во овој стан преку видеото што кружи на Твитер:
Pogledajte ako vas zanima kako izgleda stan u Beogradu na vodi koji košta
— Djina Lolobridjida (@Laloollo) October 25, 2023
PREKO MILION EURA🤯 pic.twitter.com/XJX6PhxKwM
Прочитајте и Атмосферата во „Белград на вода“, преку објективот на инстаграмџииите
С. С. | Црнобело