Син е на еден од најбогатите Срби, првата свршеница му почина од рак: Факти за Стефан Кариќ, еден од најпосакуваните српски ергени
Потоа, тој се почувствува должен да појасни што навистина се случило, па рече дека дошло до недоразбирање заради некои пораки во телефонот што долго време не го користел, а тие двајца останале во добри пријателски односи.
Дијана почина во 2019-та година, а тој дури присуствуваше и на нејзиниот погреб. По ова тој бил во посета на манастирот Острог каде се молел за неа.
Инаку, освен што е син на белградскиот бизнисмен со босанско потекло Осман Кариќ, Стефан долго време важеше за вистински кавалер и џентлмен, па брзо го стeкна статусот на најпосакуван ерген во Србија.
Но, годинава, тој се најде среде скандал кога старлетата Наташа Шавија го обвини дека ја претепал додека биле на свадба, по што тој еден месец беше во притвор.
Шавија мораше да помине неколку естетски операции за да ѝ се санираат нанесените повреди на лицето, па на крај рече дека му простила за сѐ.
Наташа во една изјава рече дека тие двајца пред 3 години биле во емотивна врска, но дека тоа траело кратко. Стефан, пак, негираше дека биле во врска, туку дека само повремено се гледале.
Сега, речиси 6 години по врската со Дијана, за Стефан има гласини дека повторно е свршен и дека планира да стапи во брак. Гласините следеа откако тој објави фотографија со раката на неговата нова девојка на која се гледа прстен, но очигледно тој нема намера да се жени.
„Не станува збор за веридба, сѐ беше спонтано и таа фотографија и тој прстен. Во врска сум, но не можам да ви откријам со кого. Не сакам да зборувам за тоа. По ‘Задруга’ и сѐ што ми се случи потребно ми е да уживам во приватноста“ – изјави тој.
Б. С. Б. | Црнобело