Тешката животна приказна на Горан Иванишевиќ - На 17 години сите пари ги дал за лекување на бремената сестра болна од леукемија
- Детали
- недела, 22 октомври 2023
„Ги зедов во кеш сите пари што ги заработив, околу 27.000 евра. Дотогаш толкава сума пари имав видено само на телевизија. Од Австралија отпатував во Белград. Сите пари ги носев со мене во јакната. Стјуардесата 16 пати ме праша дали ќе ја соблечам јакната, а јас секојпат одбивав и ѝ велев: ‘Не, добро ми е вака’,“ откри некогашниот тенисер.
Еден од најдобрите југословенски тенисери на сите времиња, Горан Иванишевиќ, има тешка животна приказна.
Тој имал 17 години, кога родителите го пуштиле да оди сам во Австралија за да се натпреварува на неколку турнири, а тие останале во Хрватска за да се грижат за неговата сестра, која во тоа време била бремена и болна од леукемија.
Но, Иванишевиќ, кој денес е тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека токму тоа што му се случувало во тинејџерските денови, го направило посилен.
Дека неговата сестра Срѓана е болна од леукемија, Горан дознал во 1988 година, неколку дена пред да тргне на пат за Австралија, каде што требало да игра на неколку турнири.
Неговиот татко му соопштил дека Срѓана е болна и дека затоа родителите нема да одат со него за да го поддржат.
„Пред да заминам, татко ми ми рече: ‘Види, имам лоши вести. Сестра ти е болна, треба да ѝ се посветиме, за жал, сега си сам“.
Третманите за тој тип на болест, од која починаа многу луѓе, беа многу скапи, па јас не спиев таа вечер.
Сепак, отидов во Австралија. Таму загубив во финалето од квалификациите за Аделаида и го пропуштив турнирот.
Но, се пласирав на Австралија Опен и станав првиот играч кој стигнал до четвртфиналето на турнирот, а влегол преку квалификации“, раскажа Иванишевиќ во едно интервју.
На турнирот заработил околу 27.000 евра, а парите му ги исплатиле во кеш.
„Ги зедов во готово сите пари што ги заработив. Дотогаш толкава сума пари имав видено само на телевизија.
Се сеќавам, од Австралија отпатував во Белград на натпревари што се играа во рамките на Дејвис купот.
Сите тие пари ги носев со мене во јакната. Стјуардесата 16 пати ме праша дали ќе ја соблечам јакната, а јас секој пат одбивав и ѝ велев: ‘Не, добро ми е вака’,“ откри некогашниот тенисер.
Кога дошол дома, му ја дал на својот татко јакна во која биле сите пари од освоената награда за да може да го плати лекувањето на Срѓана.
Иако се излекувала, болеста ѝ оставила трајни последици и таа повеќе од 30 години се борела со нив.
„Имаше рак на лимфните јазли и беше подложена на огромно зрачење, а тоа ѝ остави трага.
Болеста никогаш не се врати, но сите меки ткива ѝ беа оштетени. Белите дробови и срцето ѝ беа особено оштетени.
Една година пред смртта имаше тешка пневмонија. Мораше да се оперира и операцијата траеше 11 часа.
Сè помина добро, лекарите планираа како да ја разбудат. Меѓутоа, разви хипертензија и веќе не можеа да ѝ помогнат“, откри Горан.
Срѓана почина во 2019 година на 53-годишна возраст. Имаше три деца: ќерката Лана и синовите Горан и Иван.
Прочитајте и Горан Иванишевиќ ги тужи поранешната сопруга и ќерката: Бара дел од луксузниот стан, не сака да плаќа алиментација за ќерката
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм, goranonline.com