Драган Николиќ и Милена Дравиќ, Силвана и Радмило Арменулиќ - Најубавите љубовни приказни меѓу познатите во поранешна Југославија
- Детали
- вторник, 24 октомври 2023
„За брак кој трае четири децении, постојат повеќе причини да се прекине отколку да се задржи“ - велеше Драган Николиќ за неговата љубов со Милена Дравиќ. Тие се само еден од најпопуларните парови во бивша Југославија. Кои се другите?
Најголемите љубовни приказни меѓу познатите во поранешна Југославија имаат нешто заедничко - посилни се и од смртта.
Ова се паровите кои се засакале од првиот момент, а за некои од нив љубовта траела до последниот здив.
Милена Дравиќ и Драган Николиќ
Познатите актери ги спои токму филмот.
Се запознале на снимањето на „Хороскоп“ во 1969 година, а две години подоцна, во последните денови од декември 1971 година, се венчале за време на снимањето на филмот „Како се сакаат двајца будали“.
За време на паузата за ручек додека снимале отишле до општината Врачар и се венчале, а потоа се вратиле на снимање како ништо да не се случило.
Немаат ниту една фотографија од регистрацијата, бидејќи немало ниту кој да ги фотографира.
Нивната љубов траела цели 45 години, сѐ до смртта на Николиќ, а Милена не престанала да жали по него до последниот ден.
Доколку ги погледнете интервјуата на Драган ќе забележите дека на посебен начин зборува за Милена и се чини дека секој ден ја сакал сѐ повеќе и повеќе.
„За брак кој трае четири децении, постојат повеќе причини да се прекине отколку да се задржи.
Но, најлесно е да се пресече и заврши нешто, многу потешко е да се бориш да го спасиш бракот.
Понекогаш и мала расправија може да го освежи денот. Некогаш е потребно да се биде љубоморен бидејќи и тоа е еден од показателите на љубов“, истакна своевремено Николиќ.
Јосипа Лисац и Карло Метикош
Љубовта за која велат дека била најголема во поранешна Југославија, трае и денес.
Јосипа Лисац неодамна на социјалните мрежи се присети на својата голема љубов Карло Метикош и на местата кои ги посетила со него во седумдесетите.
Нивната љубовна приказна започнала една февруарска вечер во 1971 година.
Јосипа од една страна, девојка која штотуку зачекорила во дваесеттите години од животот, сè уште нескротена и изгубена во музичката сцена и Карло Метикош од друга страна, шармантен рокер, кој претходно бил верен повеќе од 20 пати.
Целосно се променил по запознавањето на Јосипа.
Од тој момент нејзината кариера му станала многу поважна од неговата.
Нивниот прв заеднички албум се вика „Дневник на една љубов“.
Тој создавал музика за неа, а таа ја изведувала.
Карло починал млад, на крајот на 1991 година, на 51-годишна возраст.
Веќе следната година Јосипа организираше концерт во негова чест и тоа го прави секоја година.