Драган Николиќ и Милена Дравиќ, Силвана и Радмило Арменулиќ - Најубавите љубовни приказни меѓу познатите во поранешна Југославија
Силвана и Радмило Арменулиќ
Во големото интервју кое го даде за магазинот „Newsweek“, тенискиот експерт Радмило Арменулиќ, меѓу другото, зборуваше и за бракот со трагично настраданата музичка ѕвезда Силвана Арменулиќ.
Нивната филмска љубовна приказна започнала кога Радмило, тогаш фино и младо момче, спортист од богато семејство, ја запознал убавата пејачка во кафеана и лудо се заљубил.
Речиси сите биле против нивната љубов, но тој бил решен да остане со Силвана.
„Никој не беше задоволен од таа врска. Сите велеа - кафанска пејачка, таа не е за тебе, ти сепак си образован човек... Дали беше тоа грешка? Мислам дека не, добив и ќерка“, раскажа Арменулиќ.
И тогаш, во моментот кога и неговата и кариерата на Силвана оделе во нагорна линија, се случила трагедија, Силвана загинала во сообраќајна несреќа.
Животот и судбината на Силвана Арменулиќ, родена како Зилха Барјактаревиќ во Добој и понатаму ја интригира јавноста.
Доста се пишувало и во медиумите за наводниот конфликт меѓу Силвана и љубовницата на Радмило, но во последно време се зборува и за нејзиниот близок однос со пејачот Тома Здравковиќ.
Габи Новак и Арсен Дедиќ
Габи Новак и Арсен Дедиќ живееле во хармоничен брак 42 години, а тој често за медиумите нагласувал дека годините што ги поминал со Габи му биле најубавиот дел од животот.
Се запознале во 1958 година во Загреб пред некогашното телевизиско студио.
И двајцата тогаш биле во брак.
Откако и двајцата се раделиле од поранешните партнери, станале љубовници, па родители на Матија, а еден месец по неговото раѓање во 1973 година станале и сопружници.
Песните „Ги паметам само среќните денови“ и „Тој ме сака на свој начин“, Арсен го напишал за својата Габи.
Тој секогаш велел дека тие се обичен пар со светли и темни моменти.
Легендарниот кантавтор и поет починал на 78-годишна возраст во август 2015 година.
„Го имаш нашиот Матија и продолжи понатаму“, биле последните зборови кои Арсен ѝ ги кажал на Габи.
С. Ш. | Црнобело