Свекрвата не ја сакала затоа што е разведена, па се венчале во Париз – Љубовната приказна на Киванч Татлитуг наликува на турска серија
- Детали
- сабота, 14 октомври 2023
Мајка му толку се противела на нивната врска и не им дошла на свадба, а тие стапиле во брак далеку од Турција. Важат за еден од најскладните парови во Турција – Што знаеме за љубовната приказна на Киванч Татлитуг и неговата сопруга Башак Дизер со која е 7 години во брак?
Киванч Татлитуг е еден од најпознатите турски актери, а честопати го нарекуваат и „турскиот Бред Пит“ заради небесно сините очи и извајаната фигура. Убавиот актер веќе 7 години е во среќен брак со сопругата, а заедно го имаат синот Курт Ефе.
Неодамна, во турските медиуми беше објавена фотографијата од Киванч со синот на градите и тоа е една од ретките фотографии кога јавноста можеше да го види детето јавно.
Додека турскиот актер ги краде воздишките на голем број жени во светот, благодарение на големиот број турски филмови и серијали во кој тој глуми, а се емитуваат на Нетфликс, тој е среќно оженет човек и не ја крие љубовта за својата сакана.
Која е Башак Дизер, жената што успеа да го зароби срцето на убавиот турски актер?
Башак е турска модна креторка и стилистка, која е родена во Истанбул, во 1977-ма година. Таа e 5 години повозрасна од нејзиниот сопруг Киванч Татлитуг (39).
Башак студирала моден дизајн во Турција, а потоа го продолжила образованието во Милано. Исто така, завршила голем број курсеви за мода во Лондон и работела како главен дизајнер за неколку популарни брендови.
Во 2007-ма година таа, заедно со Денис Маршан, ја основа компанијата 2Shoppers, каде дава модни консултации и услуги, а најголема слава стекнува откако ја ангажирале да работи како моден консултант за серијата „Забранета љубов“.
Во овој период, таа била задолжена за стилот на нејзиниот иден сопруг Киванч Татлитуг и се смета дека тогаш се запознале.
Инаку, Башак зад себе имала еден брак со турскиот бизнисмен Орен Франсез, кој траел кратко.
Таа работела како моден консултант и на други турски серии на кои работеле заедно и во 2014-та година одлучиле да започнат врска. Киванч во една пригода откри дека неговата љубов за Башак е неспоредлива.
„Научив да ја сакам Башак на сосема поинаков начин секој ден.
Затоа што не беше доволно само да ја сакам многу. Кога сакаш некого, даваш сѐ од себеси за тој да биде среќен. Кога ја чувствувам среќата во нејзините очи, се чувствувам исполнето“ – изјави тој.
Парот стапи во брак во 2016-та година, а интересно е тоа што одлучиле тоа да го направат во градот на љубовта, Париз, во турската амбасада. На церемонијата присуствувале само околу 50 гости.
Во некои од турските медиуми имаше пишувања дека нивната врска се соочува со криза, затоа што мајката на Киванч, Нуртен Татлитуг не ја сакала снаата, па затоа и не им дошла на свадба.
„Не сакам снаа-вдовица“ – наводно изјавила Нуртен во една пригода, а турските медиуми пишуваа дека свекрвата всушност е лута затоа што не е во фокусот на вниманието на синот, а младенците одбиле да ја поканат.