Мајка ѝ ја оставила во дом, не им верува на видеата на кои сопругот ја изневерува - Што знаеме за Весна Џогани?
- Детали
- сабота, 14 октомври 2023
Минатата година беше објавено видео на кое се гледа како наводно сопругот Ѓоле Џогани ја изневерува, но таа јавно изјави дека не верува на гласините. Веќе 20 години живее со 18 години постариот партнер и тврди дека тој најмногу ѝ помогнал да се справи со постпородиланата депресија. Што знаеме за Весна Џогани?
Весна (44) и Ѓоле Џогани (63) важат за „мирниот дел“ од семејството Џогани.
За разлика од семејството на неговиот брат Гаги, Ѓоле и Весна се трудат во медиумите да се појавуваат само кога треба да најават некој нов хит или нов проект.
Но, нивната врска отсекогаш привлекувала внимание и била актуелна во медиумите.
Што знаеме за Весна Џогани, јатрвата на Анабела Атијас, која важи за најпримерна жена во семејството Џогани?
Весна Џогани е родена во Белград како Весна Тривиќ. Во мигот кога мајка ѝ останала бремена, татко ѝ ја напуштил, по што жената била приморана да се откаже од ќерката.
Заради ова, Весна првата година од животот ја поминала во прифатилиште за деца без родителска грижа, сѐ додека не била посвоена од еден млад брачен пар којшто ѝ пружил неизмерна љубов и среќно детство.
Сепак, додека растела, Весна постојано одржувала контакт и со својата биолошка мајка.
Со Ѓоле Џогани се запознала во тинејџерските години кога станала дел од танчарската школа, што тој ја водел заедно со неговата тогашна сопруга Слаѓа Делибашиќ.
Иако многумина пишуваа дека Ѓоле ја изневерувал сопругата со младата Весна, парот ги демантираше тие тврдења и изјавија дека врската ја започнале дури 8 месеци по разводот на нејзиниот сопруг со првата сопруга.