Мајка ѝ ја оставила во дом, не им верува на видеата на кои сопругот ја изневерува - Што знаеме за Весна Џогани?
-->
Весна и Ѓоле се долги години заедно, а привлекуваат внимание и со големата генерациска разлика што постои меѓу нив. Тој е постар од неа 18 години и таа вели дека многу научила и созреала со него.
Тие двајца во 2006-та година го добија синот, Адријан (кој е крстен според бразилскиот фудбалер Адријано Леите Рибеиро), а во 2014-та година ја добија ќеркичката Лаура.
Инаку, Ѓоле од првиот брак со Слаѓа има две ќерки, Силвија и Маринела, а убавите вести дека Весна е бремена и дека чекаат син, ги објавија со песна која беше вистински хит.
https://www.youtube.com/watch?v=mQ2voSqF15o
-->
Весна во еден период призна дека најголем предизвик во бракот била нејзината постпородилна депресија, а дека токму сопругот ѝ помогнал да се справи со проблемите.
Уште еден интересен податок за нивната врска е дека и покрај тоа што тие двајца се заедно повеќе од 20-тина години, никогаш не стапиле во брак.
„Еднаш во животот се оженив. Првиот пат се оженив со Слаѓа и се разведов, а Весна и јас живееме заедно. Ние не се венчавме, но живееме речиси дупло повеќе отколку што бев со Слаѓа.
И супер ми е. Не мора некој да потпише нешто безвезно за да, ете, биде во брак“ – рече тој во една пригода.
Минатата година нивниот брак беше во фокусот на јавноста кога на српските папараци фотографи објавија видео снимки на кои наводно се гледа како Ѓоле се бакнува со друга членка на денс групата. Весна веднаш ги демантираше таквите наводи и изјави дека има максимална доверба во него.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос...
„Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир
Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“
„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ
Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант...
Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица
„Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...