„Престани да го покажуваш задникот“: Девојката на Бака Прасе поради видео во танга бикини стана мета на онлајн критики
- Детали
- недела, 08 октомври 2023
„До кога веќе ќе се соблекуваш? Им здодеа и на Бога и на луѓето. Не си единствената која има задник. Други се раѓаат со таков задник, без да тренираат со години како ти. Не си ништо посебно“, ѝ напишаа следбениците во коментари на инфлуенсерката Ања Бла, откако објави жешко видео од плажа.
Инфлуенсерката и фитнес тренер Ања Благојевиќ (22), позната како Ања Бла, објави жешко видео во танга бикини, додека излегува од море. Мократа коса и совршената фигура на Ања, која е девојка на најпознатиот српски јутјубер Бака Прасе, предизвикаа лавина реакции.
Освен со комплименти, таа се соочи со остри критики и коментари дека треба да престане да го „рекламира задникот“.
„До кога веќе ќе се соблекуваш? Им здодеа и на Бога и на народот. Најди си некоја професија. Не си единствената која има г*з.
Други се раѓаат со таков задник без да тренираат со години како ти. Не си ништо посебно, а да не ти е спонзорот Бака Прасе – не би живеела вака“, пишува во еден од коментарите.
„Кого го интересира твојот задник? Нè измори жено со него, зарем излегуваат дијаманти, па задникот ти е постојано ‘на изволте’. Будалите се гордеат на она од што се срамат паметните“, стои во друг коментар.
И покрај острите коментари, Ања доби и бројни пофалби за изгледот.
„Божица“,
„Омажи се за мене“,
„Прекрасна си како секогаш“,
„Ти си вистинско совршенство“, ѝ напишаа следбениците.
Ања, која ја следат преку 942.000 луѓе на Инстаграм, стана попозната откако почна љубовна врска со Бака Прасе.
Таа постојано споделува тренинзи, професионални фотосесии со брендовите со кои соработува, но и интимни моменти од љубовта со Бака Прасе на социјалните мрежи.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело