„Беше во кома, бактеријата го разори“ - Ана Рајковиќ раскажа за кошмарот низ кој поминале со синот, пред да ја обвинат за афери
- Детали
- среда, 04 октомври 2023
„Кома, сепса, бактеријата го разори, не очекувајте премногу, му даваме само 5 отсто шанси да се избори“... Сопругата на српскиот фудбалски голман Предраг Рајковиќ, Ана за првпат раскажа низ каков кошмар поминала со помалиот син само еден месец пред да ја вплеткаат во секс-аферата со српските фудбалери.
Ана Рајковиќ која е во складен брак со голманот на српската фудбалска репрезентација Предраг Рајковиќ, на Инстаграм ја отвори душата и раскажа низ каква голгота поминале со синот Тадеј, точно пред една година.
Хоророт го преживеале само еден месец пред да осамнат написите за нејзината наводна афера со колегата на нејзиниот сопруг, а сега Ана точно раскажа што се случувало и низ каков кошмар поминале.
„Точно 365 дена од најголемиот кошмар на секоја мајка.
‘Кома, сепса, бактеријата го разори, не очекувајте премногу, му даваме само 5 отсто шанси да се избори, бактеријата најверојатно стигнала до мозокот, немоќни сме, сѐ е на него. И ако се разбуди, не очекувајте премногу’, ни рекоа докторите.
Ги стиснав забите и срцето, а татко му го прегрнав најсилно и му шепнав дека не смееме да им веруваме.
Од ден во ден му верувавме само на Бога и тебе сине. Многумина ја искористија ‘слабоста’, но згрешија, многу згрешија, но научија дека доброто секогаш го победува злото.
Се сеќаваш како ни велеа?! Па, ова е чудо, ова не може да се објасни! Чудо наше, те сакаме најмногу!“
За потсетување, кон крајот на минатата година, за Ана се пишуваше дека имала афера со српскиот фудбалер Душан Влаховиќ, а гласините дополнително беа подгреани откако таа го пропушти почетокот на Светското првенство во Катар и дојде неколку дена подоцна.
Таа подоцна изјави за медиумите дека гласините за аферата само го зајакнале нејзиниот однос со сопругот, а дека многу поголем удар им задала здравствената состојба на нивниот син.
„Помалиот син ни беше во болница и само тоа можеше да нѐ разниша на емотивен план. Здравствената состојба на синот, а не глупостите што некој ги пишува и ги измислува“ – изјави накратко таа.
Инаку, Ана и Предраг се во брак од 2018-та година, а заедно имаат два сина, Реља (4) и Тадеј (3).
Прочитајте и Беше свршена со Вељко Ражнатовиќ, српските фудбалери наводно се скараа заради неа – Што знаеме за Ана Рајковиќ?
Б. С. Б. | Црнобело