По гласините за афера со Лука Модриќ, се омажи за 15 години постар фудбалер – Која е најубавата балканска новинарка?
- Детали
- сабота, 30 септември 2023
Со години кружеа гласини дека Лука Модриќ има афера со неа, особено кога и таа се пресели во Мадрид каде живееше фудбалерот. Сега Фани Стипковиќ се омажи за 15 години постариот Фернандо Јеро, кој важи за фудбалска легенда.
Фани Стипковиќ (41) со години наназад важи за најзгодната новинарка на Балканот, а таа неодамна се омажи во Мексико за Шпанецот Фернандо Јеро (55), кој во 90-тите години важеше за еден од најпознатите фудбалери.
фото: Hola.com
Фотографиите од нивната свадба на кои Фани гордо позира во бела венчаница во осмиот месец од бременоста се обајвени во повеќето латиноамерикански медиуми, а Фани откри како ѝ се допаѓа и животот во Гвадалахара, каде ја однесе љубовта.
Луксузната венчавка била организирана и целосно се одржала во тајност на 13-ти септември годинава, во бутик хотел изграден во 1848-ма година во центарот на Гвадалахара.
„Церемонијата беше интимна со само 12 гости, а заради магичната палата од која се гледа историскиот центар, сѐ наликуваше на некој старински филм“ – вели таа за Gloria.hr.
фото: Hola.com
Фани вели дека мислеле оти свадбата ќе има уште помал број гости заради тоа што тие неодамна се преселиле од Шпанија во Мексико, а Фернандо имал само една слободна недела пред да се врати на работа како спортски директор на фудбалскиот клуб Gualalajara.
Најубавата балканска новинарка на себе носеше венчаница од Вера Ванг, а вели дека немале прв танц затоа што не сакала премногу да се оптоварува, со оглед на тоа што е во осмиот месец од бременоста.
Инаку, Фани Стипковиќ во 2018-та година се најде во центарот на вниманието, кога повеќе балкански медиуми пишуваа дека има афера со фудбалерот Лука Модриќ.
Наводно, неговиот однос со сопругата Вања не е толку хармоничен, па тој имал афера со долгоногата хрватска новинарка.