Распеан капетан на брод на Лефкада стана вирален хит – со песна ги пречекува патниците (видео)
- Детали
- четврток, 28 септември 2023
„Браво, човекот знае како да ужива секој ден“, „Капетанот не е баш трезен и патувањето со него е повеќе неизвесно, отколку забавно“ - коментираат дел од српските туристи кои имале можност да одат на крстарење со распеаниот капетан Костас, кој стана вирален хит.
Патниците на бродот „Makedonia Palace“ на Лефкада имаат можност да бидат пречекани од капетанот кој застанат на кормилото на бродот ги пречекува со песните на Василис Карас.
Секојдневно, тој ја зазема својата позиција и од душа ги пее стиховите и танцува додека патниците се качуваат на бродот.
Неодамна, снимка од неговата изведба во Лефкада се најде на социјалните мрежи и за брзо време стана вистински хит.
Капетан Костас за брзо време ги освои симпатиите на социјалните мрежи, а неговата изведба најчесто завршува со громогласен аплауз од патниците на бродот.
Бродот „Makedonia Palace“ е сопственост на бродска компанија од Лефкада која нуди еднодневни патувања од Нидри до Порто Кацики, Кефалонија и низа други места.
https://www.tiktok.com/@vasiast16/video/7278239784206732577
Но, на Инстаграм видеото доби најразлични коментари. Додека едни ја поздравуваат и ја фалат изведбата на капетанот, други тврдат дека патувањето со него и не е вистинско доживување.
„Цар, бевме со него пред две години и беше незаборавно“;
„Секоја чест, човекот го слави секој ден“;
„Браво“;
„Бевме на крстарење токму со него и со неговиот брод... А дали станува збор за доживување или не, не знам... Затоа што капетанот не е баш трезен па патувањето повеќе е неизвесно, отколку што е незаборавно“ – стои во дел од коментарите.
Б. С. Б. | Црнобело