Се скара со него затоа што не сакаше да ѝ изгради поголем базен, сега го моли за помош – Зошто на Северина ѝ е потребен Игор Којиќ?

Нови судски главоболки за Северина. Пејачката ќе се соочи со учителката која наводно го затворила во соба нејзиниот син Александар и психички и физички го малтретирала, а како сведок е повикан нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ. Дали поранешниот сопруг ќе ѝ даде поддршка?

se-skara-so-nego-zatoa-shto-ne-sakashe-da-i-izgradi-pogolem-bazen-sega-go-moli-za-pomosh-zoshto-na-severina-i-e-potrebna-poddrshkata-od-igor-kojikj-01.jpg

Хрватската пејачка Северина (51) беше во брак со српскиот голман Игор Којиќ (36) во периодот од 2015-та до 2021-ва година, а по разводот ги прекина сите контакти, но сега има потреба од него, па се поставува прашањето дали тој ќе сака да ѝ помогне.

Северина се соочува со две тужби за клевета: од една учителка која од пејачката јавно беше обвинета дека го малтретирала синот, Александар и една од судијката за која Северина изјави дека ѝ вршела притисок и ја малтретирала додека таа бараше да ѝ го вратат стартелството над синот.

Двете жени бараат висока отштета, а главен сведок на суд треба да биде Којиќ.

se-skara-so-nego-zatoa-shto-ne-sakashe-da-i-izgradi-pogolem-bazen-sega-go-moli-za-pomosh-zoshto-na-severina-i-e-potrebna-poddrshkata-od-igor-kojikj-09.jpg

Имено, како што пренесуваат хрватските медиуми, поранешниот сопруг на Северина, Игор, е повикан како сведок на суд, каде треба да сведочи и да раскаже што се случувало во 2019-та година.

Пред 3 години, односно во 2020-та година на адресата на познатата хрватска пејачка стигна тужба од судијка во судот во Сплит и од една учителка во училиштето во Загреб каде што учел нејзиниот син Александар.

se-skara-so-nego-zatoa-shto-ne-sakashe-da-i-izgradi-pogolem-bazen-sega-go-moli-za-pomosh-zoshto-na-severina-i-e-potrebna-poddrshkata-od-igor-kojikj-05.jpg

Прво, Северина јавно ја обвини учителката дека во октомври 2019-та година го затворила малиот Александар во соба и го злоупотребувала психички и физички.

По ова, во 2020-та година учителката поднесе тужба и од Северина бараше отштета во висина од 10.000 евра, а пејачката тогаш гневна изјави:

„Не знам зошто се чудам што ова се случува, додека трпам психичко силување од страна на таткото и институциите, кога во оваа земја ниту жените, ниту девојчињата немаат судска заштита и поддршка за физичко силување.

И самата пројдов низ слично силување на судот во Сплит, и тоа во судската постапка за одземање на детето кај судијката Луција Ласиќ“.

По ова, место да се смири ситуацијата, Северина се соочи со уште една тужба. Споменатата судијка, одлучи да ја бара правдата по судски пат и бараше отштета во износ од 3.000 евра.

se-skara-so-nego-zatoa-shto-ne-sakashe-da-i-izgradi-pogolem-bazen-sega-go-moli-za-pomosh-zoshto-na-severina-i-e-potrebna-poddrshkata-od-igor-kojikj-03.jpg

Сега во октомври Севе ќе треба да се најде двапати на суд и да се соочи еднаш со учителката, а еднаш со судијката.

Интересно е тоа што пејачката како сведок го повикала нејзиниот поранешен сопруг со кого се разведе во 2021-ва година.

se-skara-so-nego-zatoa-shto-ne-sakashe-da-i-izgradi-pogolem-bazen-sega-go-moli-za-pomosh-zoshto-na-severina-i-e-potrebna-poddrshkata-od-igor-kojikj-07.jpg

Според пишувањата во дел од српските медиуми, Севе на почетокот на пандемијата престојувала во семејната вила на таткото на Игор, пејачот Драган Којиќ Ќеба во Белград, но односите меѓу нив заладиле откако свекорот одбил да го реновира базенот за таа да може да се фотографира за на Инстаграм.

se-skara-so-nego-zatoa-shto-ne-sakashe-da-i-izgradi-pogolem-bazen-sega-go-moli-za-pomosh-zoshto-na-severina-i-e-potrebna-poddrshkata-od-igor-kojikj-04.jpg

По ова, наводно, пејачката гневна си заминала за Загреб и била фатена како го крши полицискиот час, а само неколку недели подоцна Игор бил фотографиран како се сели од нејзиниот пентхаус во Загреб.

Набрзо потоа парот се разведе, па Игор даде интервју и рече дека е во пријателски односи со таткото на синот на Северина, Милан Поповиќ.

Дали Игор ќе застане на нејзина страна и ќе ја одбрани пред суд, останува да видиме.

se-skara-so-nego-zatoa-shto-ne-sakashe-da-i-izgradi-pogolem-bazen-sega-go-moli-za-pomosh-zoshto-na-severina-i-e-potrebna-poddrshkata-od-igor-kojikj-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина прослави бајковит 53-ти роденден на село - со синот и со вториот најважен маж во нејзиниот ... Игор Којиќ во една пригода за овој маж изјави дека тој бил виновникот за нивниот...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Северина чита книга за нејзиниот „филм“ на јахта - и зрачи со сексапил на Малдиви „Пред сто години Северина сними ‘филм’ кој ја оживеа преку ноќ покојната Југосла...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg