Бившите на Северина станаа први пријатели - Милан Поповиќ на роденден кај Игор Којиќ, со синот Александар

Игор Којиќ додека беше во брак со Северина ѝ беше најголема поддршка во битката со бившиот Милан Поповиќ, кој не ѝ даваше да го гледа нивниот син, а по разводот Игор му стана пријател на Милан, па дури со него си го славеше и роденденот.

bivshite-protiv-severina-igor-kojikj-i-milan-popovikj-stanaa-prvi-prijateli-01.jpg

Поранешниот сопруг на Северина, Игор Којиќ, објави фотографија со поранешниот свршеник на Северина, Милан Поповиќ, на јахта како го слават заедно роденденот на Игор.

На прославата присуствувал дури и Александар, синот на Северина и Милан.

Токму тој Александар за кој Северина водеше битка со Милан, добиваше тужби и закани, забрани да става фотографии од него на социјалните мрежи и што уште не, а Игор ѝ беше најголемата поддршка притоа за време на нивниот брак.

Но, сега тој е пријател со Милан.

Во описот на фотографијата со Милан, Игор Којиќ напиша:

„Му благодарам на Милан што ми приреди изненадување и го доведе Александар на мојот роденден, тој ден за мене беше посебен.

Александар е прекрасно дете, кое многу го сакам и со кое минав преубави години и некои врски се едноставно нераскинливи.

Секој кој му е семејство на Александар е и мое, а секој кoj е мое семејство, му е и на Александар. Така е сега и така ќе биде засекогаш.

На здравје, фотографијата ја направи Александар.“

Интересно е што пред две седмици и Милан објави фотографија на кое неговото и презимето на Игор стојат на една табла.

Дали ова значи дека бившите на Северина направија коалиција против неа?

Северина периодов е на одмор во Италија:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калини... „Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборо...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg