Неда Украден изгледа совршено на плажа во бело бикини на 73 години - Која е тајната на нејзината фит линија?
- Детали
- понеделник, 25 септември 2023
„Секоја чест жено, ако ова не е Фотошоп, тогаш ти симнувам капа“ – коментираат следбениците на Неда Украден која на 73 години позираше во бело провокативно бикини. Какви вежби прави познатата пејачка за и во осмата деценија да изгледа неодоливо?
Неда Украден во август годинава го прослави својот 73-ти роденден на црногорското крајбрежје во Бока Которска, а на нејзиното тело може да ѝ завидат и голем број помлади колешки.
Фотографирана во розово монокини со бела кошула и шапка Неда тогаш покажа дека изгледа одлично за своите години.
„Би можела да ви напишам сто причини зошто е добро денес да се биде славеничка во овие години. Но, нема потреба. Сѐ е јасно. Отидов јас да живеам. Наздравје!“ – напиша таа.
Сега, еден месец подоцна, таа одлучи да ги искористи топлите денови и повторно да се врати во Црна Гора, а на Инстаграм сподели фотографија на која позира во бело бикини.
„Денес баш е топло! Како вие ја поднесувате оваа горештина? Најдобро е да се разладите во морето.“ – напиша таа до фотографијата.
Нејзините следбеници имаат голем број коментари за нејзиниот изглед и сите се согласни дека таа изгледа одлично за годините, а дека нејзините фотографии не се нападни, ниту невкусни.
„Која друга дама ќе се фотографира во бикини во осумдесеттите години?“,
„Секоја чест жено, ако ова не е Фотошоп, тогаш ти симнувам капа“,
„Годините се само број“ – стои во дел од коментарите.
Таа во повеќе пригоди откри дека мошне води сметка за својот изглед и за своето тело.