„Не, јас не сум Милена Радуловиќ и не би можела да бидам – Зошто?“
Заради другите жени? Заради оние коишто ќе ми приговараат како би требало да реагирам на 14 години и кои лажат како тие никогаш такво нешто не доживеале, а да им се случело – точно знаеле што ќе направат? Да веројатно би требало и заради нив, а помислете само на девојчињата што утре ќе минуваат низ истото...
А дали би можела да направам што било? Па, знаеме колку овде правдата е релативна, а влогот е голем, не можам јас тоа да го направам...
Но, јас не сум Милена Радуловиќ.
Таа прозборе јавно, го погледна својот „злотвор“ и без око да ѝ трепне одговори на сите прашања што имаа за цел да ја дискредитираат. Таа е таа која се изложи на понижувачки третман, навредливи коментари, вулгарни констатации... И остана со крената глава, цврсто стоејќи зад својата вистина.
И така што се надевам дека ќе има сила да ја истурка оваа приказна до крај во името на сите девојчиња, девојки и жени коишто исто така не се Милена Радуловиќ, но носат во себеси сличен товар.
Затоа што во овој миг, во тој мачен процес, навистина гледаме судење за секое девојче во Србија што проживува насилство во домот или во училиштето, или на часовите по глума, а не знае кому, ниту како да го каже тоа.
Ѝ се суди на секоја девојка која ‘самата е виновна’ за страшните работи што ѝ се случиле. На оние што молчеле и на оние што не молчеле. Ѝ се суди на секоја добра српска жена која се труди да се убеди себеси дека ‘тоа така мора да биде во ова наше општество’, а всушност се плаши...
Тие девојчиња и жени ги има многу повеќе отколку што кој било во Србија би се осмелил да претпостави и сите би требало да застанеме до Милена и да ја почекаме пресудата.
Така можеби конечно и ќе добиеме некаква правда“.
Прочитајте и Има 2 ќерки, бившата сопруга и по разводот го фали на Инстаграм - Кој е дечкото на Милена Радуловиќ, што ја поддржа на судењето?
Б. С. Б. | Црнобело