Има 2 ќерки, бившата сопруга и по разводот го фали на Инстаграм - Кој е дечкото на Милена Радуловиќ, што ја поддржа на судењето?
- Детали
- петок, 22 септември 2023
Цврсто ја држеше Милена Радуловиќ за рака во моментот кога таа влегуваше во судот за да се соочи со нејзиниот поранешен учител, а и самиот е татко на две ќерки кои му се целиот свет – Што знаеме за Огњен Јанковиќ, дечкото на актерката кој ѝ беше поддршка во најтешките мигови?
Очите на јавноста во регионот во последните неколку денови беа вперени кон судењето што ги потресе сите, а се одржа во Белград во вторникот (18.09).
Храбрата актерка Милена Радуловиќ застана пред суд и јавно сведочеше за сексуалното вознемирување и нападите што ги претрпела од нејзиниот учител по глума кога имала само 17 години, а тој, Мирослав Мика Алексиќ имал 63 и бил само 4 години помлад од нејзиниот дедо.
фото: YouTube - принтскрин
Името на Милена Радуловиќ стана синоним за храброст, а речиси сите српски медиуми и присутните во судницата пишуваа за понижувањата и малтретирањето со коишто се соочила додека јавно раскажуваше за насилството што го претрпела од човекот кој, од нејзина 11-та година, ја зел под своја закрила, ѝ се претставил како ментор, за на крај да ѝ зарие нож во грб.
фото: YouTube - принтскрин
Милена во судницата дојде со нејзините родители, а речиси во сите медиуми беше објавена фотографијата како таа влегува со нејзиното момче, кое ја држеше цврсто за рака и ѝ даде поддршка во миговите кога ѝ беше најпотребна.
VIDEO Glumica Milena Radulović stigla u sud: Danas svedoči u postupku protiv Mike Aleksića, podršku joj pružili glumac i pevač https://t.co/xDKhtICosi
— nova.rs (@novarsonline) September 19, 2023
Што знаеме за Огњен Јанковиќ?
Огњен Јанковиќ е роден и израснал во белградската населба Дорќол, како син на познатиот српски писател и книжевник Миодраг Јанковиќ, кој од два брака добил пет деца.
Татко му во еден период се преселил да живее во Париз, па така неговото семејство останува поделено.
По разводот на неговите родители, Огњен останал да живее со мајка му која била дизајнерка на текстил, а токму во белградската населба Дорќол ги направил своите први чекори во музиката.
Како дете сакал да биде музичар, па бил многу мал кога почнал да свири на тапани, но вели дека кога го открил хип-хопот, тоа целосно му го променило животот.
Огњен подоцна ќе го основа и ќе застане на чело на познатиот српски хип-хоп бенд познат како „Београдски синдикат“, но вели дека по 23 години, музиката веќе му е само хоби.
Во поглед на образованието, Огњен Јанковиќ прво се запишал на Економски факултет и стигнал до трета година, а потоа се префрлил на Факултетот за драмски уметности каде студирал режија.
Првото вработување го добил како спортски новинар, а 15 години беше во брак со водителката на ТВ Пинк, Бојана Јанковиќ, со која се запознале преку заеднички пријатели. Дека тие се во одлични односи по разводот говори и недоамнешната објава на неговата сопруга, која до неговата фотка напиша:
„Мојата крв. Мојот брат, моето семејство. Најдобриот татко и најдобриот човек на светот. Мојот поранешен сопруг и најголема потпора во животот. Добар мој Оги“.
Од бракот со Бојана, Огњен ги доби ќерките Искра и Зоја, за кои се грижат заеднички со сопругата и во една пригода рече дека секој слободен миг се труди да го поминува со нив.
„Јас сум дете на разведени родители. Сепак тие ми се вистински пример за тоа дека понекогаш подобро е да имате добар развод, отколку лош брак.
Ќерка ми Искра е талентирана и сака да тренира фудбал, па ја запишавме во фудбалски клуб, а таа исто така свири и на виолина.
Зоја е веќе девојка. Tренира одбојка и мислам дека ќе биде многу успешна. Таа е креативна душа. Важно е децата да ги воспитате и да разговарате со нив.
Мислам дека од своите деца повеќе научив отколку од повозрасните“ – изјави тој во една пригода.