Таткото на Карлеуша ја апсеше Цеца, Аркан ѝ се заканувал на Јелена – Зошто двете српски пејачки се во војна со години?

„Слушнав дека Цеца наводно во минатото рекла дека многу убаво пеам, но дека сум премногу грда за да бидам ѕвезда“ – изјави Јелена Карлеуша во една пригода и истакна дека тоа била причината за да започне војната меѓу нив. Двете пејачки веќе 3 децении одат на судови и се во постојан конфликт. Сите детали за нивната „војна“...

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-01.jpg

Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ... Две звучни имиња на српската музичка сцена кои долги години водат медиумска војна и меѓусебно не се поднесуваат. Но, многумина се прашуваат зошто е тоа така и зошто двете најпознати српски пејачки се во конфликт?

Јелена Карлеуша на српската естрада се појави во далечната 1995-та година како малолетна девојка, која ги пееше тогаш популарните турбо фолк песни, а Цеца беше голема ѕвезда и истата година се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-02_copy.jpg

Јелена Карлеуша во една пригода рече дека нејзината одбивност кон Цеца се случила на самиот почеток од нејзината кариера, во 1995-та година, кога Славица Трипуновиќ Дајана го издаде албумот „1, 2, 3, и...“ на кој се најде и песната „Пусти ме“, а придружните вокали за неа ги отпеаја токму Јелена Карлеуша и Цеца.

„Кога почнав да сонувам за тоа да станам ѕвезда, ги пеев придружните вокали за Дајана и заедно со мене во студиото се појави тогаш големата ѕвезда Цеца. Ние две заедно ги пеевме придружните вокали на Дајана и бев многу возбудена и среќна што се најдов рамо до рамо со Цеца.

Подоцна, слушнав дека Цеца наводно рекла дека многу убаво пеам, но дека сум премногу грда за да бидам ѕвезда“ – изјави Јелена во едно интервју и појасни дека ова бил мигот кога се разочарала од својот идол, но решила дека ќе стане ѕвезда за која сите ќе слушнат.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-03_copy.jpg

До 1998-ма година тие двете навидум беа пријателки и соработуваа, а на YouTube сѐ уште е достапно видеото на кое тие две се гостинки во емисија и се шегуваат и се забавуваат.

Карлеуша се потруди да го изгради својот пат до славата давајќи смели изјави и привлекувајќи внимание со своето однесување, па во едно интервју смело изјави:

„Сите ние сме к*рви! Не во вистинската смисла на зборот, но тука некаде! Вештината треба да знаеш да ја „уновчиш“.

Себеси се вбројувам во врвните к*рви, коишто знаат да се продадат за врвна цена, на највисок начин. Аматерите не знаат да го направат тоа, а и не вредат толку“ – сакајќи да каже дека секоја од пејачките, како и секој друг човек има своја цена за којашто ја работи својата работа.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-04.jpg

Оваа нејзина изјава предизвика лавина реакции, па реагираше дури и Аркан па рече: „Карлеуша мора да била пијана или издрогирана кога го кажала тоа“, а Цеца пак возврати:

„Затекната сум... Поточно во шок и не можам да го најдам вистинскиот коментар.

Особено ми е криво што ја фалев Јелена и ја истакнував како идна музичка ѕвезда. Таа, сепак се определи за кариера на ‘скандалозна девојка’.

Популарноста по таков пат секако не се стекнува. Препорачувам во иднина сето тоа што го зборува, да го зборува само во свое име, а не во името на сите свои колешки“.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-05_copy.jpg

По ова, Јелена гостуваше кај тогаш популарниот Милован Илиќ - Минимакс, па на прозивките на Аркан и Цеца одговори:

„Кој за што (сака зборува), па и ку*вата за почит (зборува)“.

Оваа нејзина изјава само дополнително ја разгоре војната меѓу двете ѕвезди и се чинеше дека веќе никој не може да ги смири.

Карлеуша во една пригода се осврна на тој период, па изјави:

„Како девојка од 19 години имав страшен конфликт со Аркан кој јавно ме нападна. Тој беше убиец и криминалец, а јас на многу културен, шмекерски и храбар начин му се спротивставив.

Го кренав гласот против него кога тоа не можеа да го направат ниту најмоќните луѓе во Србија. Цеца ми беше пример, но кога таа и Аркан ме нападнаа, ми се сруши целиот свет.“

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-08.jpg

Односот меѓу двете пејачки дополнително ќе се влоши во 2000-та година кога беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Во 2000-та година Јелена беше во врска и беше свршена со Зоран Давидовиќ Ќанда, кој беше дел од тогашното белградско подземје, а беше убиен во неговиот автомобил додека се враќал од погреб.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-30.jpg

Според гласините, убиството на Ќанда следувало како одмазда за смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а за тоа јавно зборуваше и Јелена Карлеуша во 2016-та година кога даде обемно интервју во кое ја обвини Цеца дека ѝ го убила свршеникот.

„Кога Аркан беше убиен седев до Зоран, кој ѝ се јави на Цеца за да ѝ изјави сочуство, а таа вресна во слушалката: ‘Ќе ти се влечат цревата по Белград’. Неполни два месеци подоцна му го 'разнесоа' мозокот...

Цеца беше во кумовски односи со луѓето што ми го убија свршеникот.

Не велам дека таа го повлече орозот, но според моите сознанија таа имаше голема корист од тоа да го убијат мојот свршеник и влијаеше врз луѓето што го убија“ – изјави таа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Цеца и Теа Таировиќ ги кренаа на нозе гостите на Светски ромски бал во Скопје (видео) Вистинската забава на Светски ромски бал 2024 почна со настапот на Теа Таировиќ ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg