Србинка се откажала од професијата забен техничар за да вози цистерна со гас: „Буквално сум бомба на тркала“

„Честопати ми се случило некој од колегите да дојде до мојот камион и да ме праша каде е возачот“ – раскажува Србинката Андријана Кузмановиќ, која работи како професионален возач на камиони, а редовно вози цистерни со природен гас.

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-01.jpg

Србинката Андријана Кузмановиќ (28) е една од ретките жени на нашите балкански простори која ги руши предрасудите дека возењето товарни возила е само за мажи и е типична машка професија.

Таа завршила образование за забен техничар, но одлучила да се откаже од оваа професија и да работи како професионален возач на товарни возила, па денес превезува опасни материи, односно цистерни со природен гас и со опасен отпад.

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-02.jpg

Андријана неодамна даде интервју за српските медиуми, па изјави дека станува збор за мошне ризична професија, затоа што гасот што го превезува е под притисок.

„Станува збор за 250 килопаскали, што воопшто не е нешто со што треба да си играте или да се шегувате. Буквално сум бомба на тркала“ – изјави таа.

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-03.jpg

Андријана раскажа дека нејзиниот дедо воопшто не се согласувал со неа да почне да работи како возач, па дури и ѝ ги земал парите што ги заработила од продажбата на протетичките материјали кои таа сакала да ги намени за да уплати за возачка дозвола.

Но, на крај таа сепак успеала да го оствари својот сон, а вели дека мажите најчесто ја мразат затоа што успева да им докаже дека е подобра од нив во оваа „машка“ професија.

„Мислам дека секој од нас во одреден миг од животот може да помисли дека е способен за нешто во животот“ – вели таа.

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-04.jpg

Исто така раскажува како машките колеги реагираат кога ќе се сретнат на терен, па вели дека честопати ѝ се случило некој да дојде и да ја праша:

„Извинете, а каде е возачот на камионот?“

Инаку, Андријана редовно споделува свои фотографии на Инстаграм.

Погледнете дел од нив:

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-05.jpg

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-06.jpg

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-07.jpg

srbinka-se-otkazhala-od-profesijata-kako-zaben-tehnichar-za-da-vozi-cisterna-so-gas-bukvalno-sum-bomba-na-trkala-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Србинката критикувана за малиот труднички стомак - се сликаше гола, пa излезе со мини фустанче од бо... „Наскоро отвораме конкурс за најљубоморен коментар на моето тело во 9-тиот месец...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Се сеќавате ли на згодната српска пекарка од Varljivo leto ’68 – Како изгледа актерката во седмата д... Ја паметите ли Јагодинка од „Varljivo letо '68“? Иако работела на многу други пр...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg