Доза позитива по бурата „Даниел“ во Грција - Туристите во Скијатос помагаат да се расчистат штетите од поплавите (фото)
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
„Секоја чест“, „Е, тоа е активен одмор“ – коментираат на Фејсбук оние што имаа можност да ги видат фотографиите од туристите што активно се вклучија во расчистувањето на штетите по бурата Даниел на островот Скијатос.
Бурата Даниел во изминатите денови зафати делови од соседна Грција, Бугарија и Турција, а особено беше погоден и грчкиот остров Скијатос.
Жителите и туристите што се најдоа на овој грчки остров останаа без напојување од електрична енергија и без вода за пиење, а беше прогласена и вонредна состојба откако поголем број од домовите и јавните објекти беа поплавени.
Според пишувањата во грчките медиуми околу 20 лица биле евакуирани, а водата била исфрлана со помош на околу 20 пумпи.
Прочитајте и Автомобили во морето, домови под вода – бурата Даниел не стивнува во Грција, поплави има и во Бугарија и Турција (фото+видео)
На Фејсбук групата „Грчка инфо“ се објавени фотографии од туристите, кои во моментот на бурата се нашле на островот, како помагаат да се исчистат штетите што зад себе ги остави невремето.
„Секоја чест“, „Активен одмор“, „Немаат друга алтернатива, сигурно нема да шетаат во мочуриште“ – стои во дел од коментарите под фотографиите.
Погледнете уште неколку фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело