Призна дека ги оперирала градите и се кае за тоа – Како изгледаше Наташа Беквалац на почетокот на кариерата?
- Детали
- сабота, 09 септември 2023
„Ги оперирав градите и многу се покајав“ – призна во една пригода Наташа Беквалац. Погледнете ги фотографиите од почетокот на нејзината кариера и самите проценете колку пејачката се променила низ годините.
Додека едни коментираат дека Наташа Беквалац изгледаше многу поинаку на почетокот на кариерата, кон крајот на 90-тите години, други тврдат дека таа е една од најприродните пејачки на српската естрада, која секогаш изгледала убаво и неодоливо.
На социјалните мрежи често се споделуваат фотографии од нејзините почетоци, но како што може да се види и од фотките, пејачката секогаш била препознатлива по широката насмевка и полните усни, но и русата коса.
https://www.instagram.com/p/BNy3aUogNjF/?hl=en
Многумина се сеќаваат на скандалот од пред повеќе од 15-тина години, кога еден српски неделник објави фотографии од нејзините голи гради од ординацијата на еден естетски хирург.
Целиот настан беше проследен со скандали, а новосадската барбика пред извесен период гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“ каде призна дека денес се кае за операцијата.
„Ги коригирав градите и многу се покајав. Да имам времеплов никогаш тоа не би го направила, туку би останала со природните гради. Секогаш има компликации кога станува збор за некоја естетска корекција. Никогаш ништо не би менувала на себеси сега, да не го направев тоа во минатото“ – рече таа.
Таа не признава дека направила некаква друга корекција, а за нејзиниот изглед вели дека се најзаслужни редовните тренинзи и здравата исхрана.
Погледнете повеќе фотографии од Наташа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело