„Личиш на алкохоличар, ти треба цр*ец“ - Моќно видео на Србинка, кое вирално се споделува во Македонија и освестува
- Детали
- среда, 16 август 2023
„На мојата приказна дека сум растела во семејство со алкохоличари добив коментар: „Ти ми личиш на алкохоличар“. На мојата приказна за борбата со анксиозноста, за смртта на моите родители, за тоа како побегнав во странство бегајќи од тој страв, болка, од сè, добив вакви коментари: „Ти фали само црнец“, вели Милица Стевановиќ, чија објава ја споделија и многу Македонци, меѓу кои и пејачката Тамара Тодевска.
Милица Стевановиќ, лајф коуч од Србија, со една од своите последни објави покрена дебата на социјалните мрежи. Нејзиното видео насловено „Секој го дава она што го има“, таа вели дека луѓето ги перципираат туѓите приказни според тоа какви се самите.
Според неа, оној што го гледа светот искрено и низ призмата на добрина и среќа, така ги перципира и сите околу себе. Тој што е незадоволен, преку својата негативност ќе најде начин да ве омаловажи.
Видеото на Милица има скоро 330.000 прегледи на Инстаграм и масовно се споделува во регионот и кај нас. Меѓу оние кои го објавија е и пејачката Тамара Тодевска, модната дизајнерка Маја Кикириткова, кои на овој начин покажаа дека се согласуваат со пораката.
Прочитајте ја моќната порака на Милица:
„На мојата приказна дека сум растела во семејство со алкохоличари добив ваков коментар: „Мене ти ми личиш на алкохоличар“.
На мојата приказна за борбата со анксиозноста, за смртта на моите родители, за тоа како побегнав во странство бегајќи од тој страв, болка, од сè, добив вакви коментари: „Ти фали црнец“, „Мислам дека си била недо*бана“, „Би ти набил јас нога во задни*от, па да се носиш во 3 п.м“.
А имаше и вакви пораки: „Ги гледав вашите објави утрово и сакав да ви кажам дека го сменивте текот на моите мисли денеска. Ви благодарам на тоа прекрасна жено. Бог нека ве чува, ми помогнавте, не знаете колку“.
Што значи ова?
Ова значи дека секој нашата приказна ќе ја види низ своите очила преку кои го гледа животот. Некој во оваа моја приказна ќе види искреност, добра намера, мотивација, сила, бидејќи така го гледа животот и таков е во животот. Искрен и добронамерен.
Од друга страна, некој во оваа моја приказна ќе види можност да ме омаловажи, понижи, бидејќи, едноставно, така го гледа животот и таков е во животот. Верува дека само со омаловажување на другите може да се крене себеси.
Така што, не е до приказната. Луѓето можат да ви го дадат само она што е нивно. Никако поинаку“.
Но и на оваа објава, таа доби поделени коментари.
„Мене не ми е јасна вашата потреба да зборувате за ова. Сите имаме проблеми, некои помали, некои поголеми, но не ми е сфатливо што ги изнесувате јавно“ - ѝ вели нејзина следбеничка.
„Јас само гледам омраза од страна на мажите“,
„По ова делува дека мажите ве мразат, а жените ве поддржуваат“,
„Мене ме интересира дали тие жални луѓе би ви го кажале истото ако се најдат очи в очи со вас?“,
„Од ова се гледа дека има многу болни луѓе на кои им треба помош“,
„Станавме злобни и сурови“, се дел од коментарите што ги доби Милица.
Погледнете го видеото, кое тера на размислување:
А. Ј. | Црнобело