Сликата од нашиот уметник Кардула, стигна кај малата хероина Нина во Нови Сад
- Детали
- недела, 02 јули 2023
Малата хероина Нина Нинковиќ од Нови Сад која продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на татко ѝ, го доби портретот од познатиот македонски уметник Зоран Кардула. Според српските медиуми, Нина успеала во својата цел и ја собрала потребната сума.
11-годишната Нина од Србија за која дозна целиот Балкан продаваше крофни во центарот на Нови Сад, со надеж дека ќе собере пари за лекувањето нејзиниот татко.
Нина ги продаваше крофните по симболична цена од 100 динари – околу 50 денари.
Откако медиумите објавија за нејзината приказна, пред штандот на малата Нина се направи километарска редица и, според српските медиуми, успеала да ја собере потребната сума.
Пред неколку дена, познатиот македонски уметник Зоран Кардула направи портрет од малото девојче, а сега откри дека делото стигнало до неа.
Кардула објави фотка на која Нина позира со портретот и се заблагодари на сите кои помогнале, вклучувајќи го фотографот чија фотографија била основа за неговото дело, како и луѓето кои помогнале во печатењето и организацијата.
„Нина си ја доби сликата... Благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко“.
https://www.instagram.com/p/CuMi5B3sZev/
Според српските медиуми, и државата ќе помогне во лекувањето на таткото на Нина.
Иако трудот на Нина не беше залуден, nova.rs пренесува дека на почетокот девојчето едвај продавало по неколку крофни дневно.
„Прво немаше никој кој сакаше да купи крофна од 100 динари, а сега чекаат редици. Почувствуваме голема емпатија и се уверивме дека има многу прекрасни и добри луѓе.
Верувајте, малку ни се 100 крофни дневно, толкава е побарувачката. Луѓето долго чекаат да купат само една крофна…
Притоа, секој плаќа за крофната повеќе отколку што чини, а сега ни бараат и да ги праќаме крофните по пошта. Започна една позитивна лавина“, откри мајката на Нина пред да се соберат потребните средства.
Прочитајте повеќе: Браво! Девојчето (11) од Нови Сад, кое продава крофни за лекување на татко ѝ, стана хит - километарска колона на нејзиниот штанд
фото: принтскрин Јутјуб
Спирова С. | Црнобело