Љубовната приказна на Никола Јокиќ - во сопругата се заљубил на прв поглед во средно, од бурмата не се одвојува ниту на терен
Јокиќ призна и дека во Америка многу му помогнало што покрај себе ги има браќата и девојката.
„Тука си создадовме дом и не дозволуваме разни работи да влијаат на нас“, рече кошаркарот.
Никола и Наталија се свршија во јануари 2020 година, а се венчаа истата година во октомври во родниот Сомбор.
Оттогаш, Никола не се одвојува од бурмата, дури ниту кога е на терен – ја врзува на врвца од патиката, зашто кошаркарите не смеат да носат никаков накит на натпреварите.
Една година по свадбата, парот ја доби ќерката Огњена. Никола признава дека му е тешко што не е дома и ја гледа како расте.
„Играм 100 натпревари годишно, не сум дома 100 дена. Кога ќе се вратам, таа веќе се сменила, пораснала“, вели Јокиќ.
Но, сето ова го поднесува полесно зашто покрај себе ја има сопругата.
„Тој е ѕвезда на моето срце“, вели Наталија.