Љубовната приказна на Никола Јокиќ - во сопругата се заљубил на прв поглед во средно, од бурмата не се одвојува ниту на терен

Најпопуларниот NBA играч во моментов, српскиот кошаркар Никола Јокиќ се вљубил во сопругата Наталија на само 17 години. По свадбата, Никола не се одвојува од бурмата, дури ниту кога е на терен – ја врзува на врвца од патиката, затоа што кошаркарите не смеат да носат никаков накит на натпреварите. Детали за нивната љубовна приказна...

ljubovnata-prikazna-na-nikola-jokikj-vo-soprugata-se-zaljubil-na-prv-pogled-vo-sredno-bile-razdeleni-1-godina-od-burmata-ne-se-odvojuva-ni-na-teren-01.jpg

Љубовната приказна на Никола и Наталија почна во 2013 година, кога биле 17-годишни тинејџери и оделе во средно училиште во Сомбор. Тоа била љубов на прв поглед.

„Се запознавме преку заеднички другари. Со друштвото излегувавме во кафуле што работеше до полноќ, а кога ќе затвореше седевме на клупата пред него. Една вечер бев сам со другарот, кога се појави Наталија.

Ми се допадна веднаш штом ја видов. Но не ѝ кажав веднаш, туку се дружевме можеби половина година. За цело тоа време ги криев чувствата. Кога првпат ѝ кажав дека ми се допаѓа, не добив одговор, таа мудро премолчи“, се сеќава Никола.

View this post on Instagram

A post shared by Natalija Jokić (@jokic.natalija)

10 години подоцна, тие се и понатаму заљубени како на почетокот и не ја кријат својата љубов.

Наталија е постојано на трибините кога игра Никола. Откако се роди нивната ќерка Огњена, таа постојано ја држи во прегратки и навива заедно со неа.

Наталија е поранешна спортистка, а тренирала одбојка. Таа во 2013 година се преселила во Америка за да студира на Универзитетот во Оклахома.

Таму заминала два месеца откако ја почнала врската со Никола.

Освен што студирала, активно играла и одбојка, но престанала да се бави со спорт по завршувањето на факултетот.

Никола, пак, останал во Србија. Но, кога во 2014 година тимот на Denver Nuggets го драфтува во NBA, тој без размислување решил да се пресели во САД.

Иако кошарката била голема причина за неговата преселба, сепак пресудил моментот што Наталија е веќе таму.

Кога Никола во 2015 година се преселил во Денвер, Наталија ја напуштила Оклахома, се преселила кај него и таму го завршила факултетот по психологија.

Во Денвер, парот живеел во трособен стан заедно со браќата на Никола, Страхиња и Немања.

„Ни беше тесно, ама секогаш успевавме да играме баскет на малиот кош што ни стоеше закачен во ходникот“, рече Јокиќ во едно интервју.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Никола Роквиќ пешачи од Струмица кон Валандово, утре ќе стигне во Грција – струмичани му подарија ај... „Во Македонија отсекогаш се јадело добро“ – вели на шега пејачот Никола Роквиќ к...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Татко му го напуштил кога бил мал, сопругата ја зел „бегалка“ – Факти за животот на Дино Мерлин Кога имал само 17 години се вљубил во сопругата со која е во среќен брак до дене...
Никола Роквиќ „нападнат“ поради скандалозна изјава од минатото: „Не верувам во неговиот аџилак“ Никола Роквиќ во Егина беше пречекан како херој и имаше огромна поддршка во теко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg