Огњен Амиџиќ со девојката беше на патување во Истанбул - бившата сопруга со синот во Дизниленд
- Детали
- среда, 17 мај 2023
И додека Огњен Амиџиќ уживаше во хотел во Истанбул со провокативната девојка Мина Наумовиќ, бившата сопруга Данијела Димитровска го одведе синот во Дизниленд... Но, сепак познатиот водител не заборава на родителските обврски.
Огњен Амиџиќ е во врска со колешката Мина Наумовиќ, која во неговата емисија „Амиџи шоу“ ја води рубриката „Пази Мина“.
Водителот и јавно ја потврди врската со Мина, по разводот со неговата сопруга Данијела Димитровска со која има син.
Неодамна Огњен и Мина беа на патување во Истанбул, а Мина оттаму објави фотографија направена во кревет без грам шминка, која Огњен ја сподели на својот Инстаграм профил.
Изгледа Мина и Огњен повеќе не планираат да ги кријат деталите од својата врска.
Погледнете ги ТУКА папарацо фотографиите од нив двајца, направени на аеродром од страна на српските медиуми.
По враќањето од Истанбул, Огњен се посвети на своите работни обврски, но и на синот Матија од кој објави видео како се забавуваат додека свират и пеат заедно, а потоа го вози кон училиште.
Само неколку дена претходно, пак, поранешната сопруга Данијела со Матија го посети Дизниленд во Париз. Таа по разводот е посветена во најголем дел на синот и работата.
Повеќе фотографии од Мина:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





