Синот на Драган Бјелогрлиќ, Алексеј, искрен за својот пат до славата: „Сѐ што сум постигнал е заради презимето“

„Криво ми е што е така“ - Алексеј Бјелогрлиќ важи за еден од најнадежните млади српски актери, но во своите изјави не крие дека му е тешко тоа што израснал во сенка на неговиот мега-популарен татко, кој важи за еден од најпознатите актери на Балканот.

na-sinot-na-dragan-bjelogrlikj-aleksej-mu-prechi-slavata-na-tatko-mu-s-shto-sum-postignal-e-blagodarenie-na-moeto-prezime-01.jpg

Познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ од бракот со сопругата Маја има две деца: ќерката Миа и синот Алексеј.

Алексеј (22) тргна по стапките на својот популарен татко, па откако заврши гимназија во Белград, се запиша на Академијата за драмски уметности.

na-sinot-na-dragan-bjelogrlikj-aleksej-mu-prechi-slavata-na-tatko-mu-s-shto-sum-postignal-e-blagodarenie-na-moeto-prezime-02.jpg

Беше дете кога за првпат играше во филмот „Montevideo, Bog te video“, потоа играше во сериите „Žigosani u reketu“ и „Senke nad Balkanom“, а од 2021-ва година е најмладиот член што некогаш бил примен во Југословенскиот драмски театар.

Важи за мошне талентиран и успешен актер, но Алексеј ретко објавува приватни фотографии на социјалните мрежи, а уште поретко дава изјави за медиумите.

na-sinot-na-dragan-bjelogrlikj-aleksej-mu-prechi-slavata-na-tatko-mu-s-shto-sum-postignal-e-blagodarenie-na-moeto-prezime-03.jpg

Новинарите честопати знаат да го прашаат за односот со Драган, а Алексеј во неколку наврати досега јавно признал дека не му е сеедно тоа што морал да расте и да се развива како актер во сенка на татко му, кој е еден од најпознатите актери на Балканот.

„Немам чувство дека сум нешто особено познат, а и кога се чувствувам дека сум познат, тоа не си го препишувам себеси, туку на своето презиме.

За жал, свесен сум дека е така и не сум премногу среќен заради тоа, но се носам со тоа, со гордост го носам моето презиме“ – рече младиот Алексеј во едно од ретките интервјуа.

na-sinot-na-dragan-bjelogrlikj-aleksej-mu-prechi-slavata-na-tatko-mu-s-shto-sum-postignal-e-blagodarenie-na-moeto-prezime-04.jpg

Тој во друга прилика откри дека со татко му воопшто не разговараат за работата, а на прашањето зошто избегнува да дава изјави за медиумите и новинарите, Алексеј рече:

„Многу ја почитувам новинарската професија, но кога ќе направам нешто што е вредно и што е добро и што треба да ги интересира луѓето, апсолутно, тогаш ќе се обратам до сите медиуми.

Јас знам зошто на луѓето во моментов сум им интересен и нема поента да се експонирам. Кога ќе го направам тоа што треба да го направам, апсолутно ќе разговарам со сите“ – рече Алексеј.

na-sinot-na-dragan-bjelogrlikj-aleksej-mu-prechi-slavata-na-tatko-mu-s-shto-sum-postignal-e-blagodarenie-na-moeto-prezime-05.jpg

Инаку Алексеј привлекува внимание затоа што многу ретко можат да го уловат како е излезен во јавност, а за својот интимен живот воопшто не зборува.

Честопати може да се видат негови фотографии на социјалните мрежи на кои најчесто е во друштво на колегите со кои соработува или игра во театар.

Погледнете уште неколку фотографии од Алексеј во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Српско-црногорски пејач со исповед за животот со биполарно растројство: „Со хипноза ми открија дека ... „Јас мислам дека сум тажен роден, дека никогаш не знаев како да бидам среќен. На...
Татко ѝ не ѝ давал да носи градници како мала, сега таа прави корекции и се разголува – Што знаеме з... Ужива во луксузот кои нејзините родители ѝ го овозможиле додека нив ги немало до...
Татко ѝ играше во документарец за српската мафија, беше осуден на затвор – Која е новата Мис Србија,... Татко ѝ играл со Кристијан Голубовиќ во документарецот за српската мафија од 90-...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg