Огњен Амиџиќ по разводот има нова девојка - сексапилната колешка од неговата емисија
- Детали
- вторник, 11 април 2023
И додека неговата поранешна сопруга неодамна зборуваше како разводот е смрт без умирање, Огњен Амиџиќ веќе продолжи понатаму и има нова љубов.
Откако се разведе со сопругата Данијела Димитровска, водителот Огњен Амиџиќ, повторно е вљубен.
Тој е во врска со колешка од неговата емисија, која го води делот од емисијата наречен „Пази Мина“ и им поставува провокативни прашања на гостите, а на крај им дава награда.
Станува збор за Мина Наумовиќ, за чиј приватен живот не се знае многу.
Провокативната бринета има неколку естетски корекции на себе и во шоуто секогаш носи смели стајлинзи.
Неговата поранешна сопруга пак, Данијела Димитровска, е модел од светски ранг, секогаш префинета, софистицирана и умерена.
По гласините за врската со Мина во српските медиуми, Огњен даде изјава:
„Да, точно е. Во врска сме, но наш договор е да ја зачуваме приватноста за себе и да не зборуваме за тоа“.
По неговата изјава, не се огласи поранешната сопруга Данијела Димитровска. Таа само си продолжи со секојдневието и на Инстаграм Стори објави видео со синот Матија, кој го има од бракот со Огњен и со тоа покажа кој ѝ е на прво место во животот.