Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ружица Бебек трае 25 години
- Детали
- сабота, 15 април 2023
Еден од омилените балкански музичари, Жељко Бебек (77), веќе четвртина век е во љубов со 34 години помладата Ружица. Кога се запознале таа само што запишала факултет, па затоа ја криеле врската. Иако повеќето луѓе им предвиделе пропаст, тие се во брак веќе 21 година, а во љубовта која почнала пред 25 години уживаат како и првиот ден.
Музичарот Жељко Бебек зад себе има 3 брака и богат љубовен живот. Веќе 21 година некогашниот пејач на „Bijelo dugme“ е во хармоничен брак со 34 години помладата Ружица.
Кога првпат почнаа да се гледаат, пред 25 години, многумина не веруваа дека нивната љубов ќе потрае.
Пред да се венча со Ружица, Жељко бил во брак со Споменка, со која ја има ќерката Силвија. Потоа се ожени со Сандра, која ја роди нивната ќерка Бјанка.
Тој се ожени третпат во 2002 година со Ружица, која прво го роди нивниот син Звонимир, а две години подоцна и ќерката Катарина.
Иако важат за луѓе со складен брак без скандали, Жељко и Ружица на почетокот биле во тајна врска бидејќи се плашеле дека околината ќе ги осудува.
Жељко сакал и ќерките од првите два брака да ја прифатат Ружица, а не да ја гледаат како конкуренција.
Тој отсекогаш толку многу ја сакал Ружица, што во една прилика рече дека возел 400 km/h само за да ја види.
За последиците од својата непромислена постапка размислувал подоцна.
„Кога таа влезе во мојот живот, целосно ме смени. И покрај тоа што беше млада и уште немаше завршено факултет, а јас бев искусен волк со долга кариера во рокенролот, јасно беше дека омекнав доволно за да почнам да гледам поинаку на животот“ – изјави Бебек.
„Да ја запознаев кога имав 18 години, денес ќе бевме во брак 50 години. Но, таа се роди дури кога јас ја објавив песната „Bitanga i princeza“. Сепак, некаде во повисоките сфери на вселената беше решено дека ние мора да се сретнеме“ – рече тој во интервју.
Дури и Ружица во една прилика раскажала дека сите се сомневале во нивната врска.
„Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и низ некое заедничко дружење сфативме дека си одговараме еден со друг.
Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, па тој ќе ми се јавеше дома или ќе ми пратеше разгледница кога беше на пат.
Тоа беа долги телефонски разговори и по некое време сфативме дека ни е убаво така“ – рекла Ружица.
Таа признала дека и покрај разликата во години, нејзините родители ја поддржувале нивната врска и им помагале од самиот почеток.
„Жељко отиде да му каже на татко ми и тие го прифатија. Сè излезе најдобро на крајот. Моите родители многу ни помагаа кога децата беа мали. Секогаш кога патувавме, а тоа беше често, децата беа со нив“ – додала таа.
А. Ј. | Црнобело