Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, позира бремена во 9-тиот месец
- Детали
- вторник, 28 март 2023
Катарина Бабунски, сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски, е во 37-ма недела од бременоста. Таа објави интересна фотосесија на својот Инстаграм, а позира со гол труднички стомак и разголени гради.
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, преку секси фотосесија откри дека е во 9-тиот месец од бременоста и дека наскоро треба да се породи.
„Влеговме во 37-мата недела и уште ни се лудува вака“ - напиша Катарина покрај фотките.
Во коментарите до фотографиите таа доби комплименти дека е прекрасна трудница и дека бременоста ѝ годи.
Ова е трета бременост на Катарина, која со Давид веќе има два сина. Двојката овојпат чека девојче.
Катарина, која по потекло е од Србија, изминативе месеци постојано објавува фотки и видеа како напредува бременоста.
Таа со децата во моментов живее во Белград, а Давид е во Унгарија, откако лани потпиша за клубот Mezőkövesd Zsóry.
Повеќе фотографии од Катарина погледнете во продолжение...
А. Ј. | Црнобелo