Евровизија- 5 полуфиналисти
Останаа уште помалку од 10 дена до почетокот на 56тата Евровизија која оваа година ќе се одржи во Дизелдорф. Оваа година се натпреваруваат...
...43 земји, вклучувајќи и плус четири кои не учествуваа изминатите години – Австрија, Унгарија, Сан Марино и Италија.
Првото полуфинале ќе се одржи на 10 мај и во него учествуваат 19 земји. Денес ви ги претставуваме првите пет учесници.
1. Честа да ја отвори овогодинешната Евровизија ја има пољакињата Магдалена Тул. Песната Jestem во превод значи Јас сум.
2. Норвешка оваа година ќе ја претставува Стела Мванги по потекло од Кенија. Нејзината музика е користена во филмовите и серијалите – Американска пита, CSI New York и Scrubs. Песната го носи името Haba Haba.
3. Боите на албанското знаме оваа година ќе ги брани Аурела Гаче со песната Feel the passion. Таа живее на релација Њујорк – Тирана.
4. Овогодинешната претставничка на Ерменија е тамошна поп принцеза и поп икона – Emmy. Кариерата ја започнува на само 9 години, а во моментов е и сопственичка на музичката куќа Emmy B production center. Ќе се претстави со песната Boom Boom.
5. На првата полуфинална вечер петта ќе настапи Турција која годинава ја претставува рок бендот Yüksek Sadakat со песната Live it up.
Кога се во прашање овие земји, светските кладилници предвидуваат дека Норвешка и Турција ќе одат во финале, додека Полска, Ерменија и Албанија нема да забележат посебен успех.
Што мислите? Кои од овие имаат потенцијал за финале?