„Влакната на волната имаат членчиња, како алки, на одредени места и кога тие добро ќе се закачат едни со други имате производ кој е скоро не уништлив од употреба. Сѐ што можете да замислите се може да се изработи. Без разлика дали станува збор за големи или мали парчиња облека. Во филц техника изработувам украси, чанти, шалови, прекривки, капути, шалови, марами... Неодамна син ми ми подари дигитална вага со прецизни мерења. Разликата помеѓу едниот и другиот чорап беше само 2 грама“ - вели во интервју за CRNOBELO.com, Фроска Каракутовска (73) од Пехчево која изработува ракотворби од волна во филц техника.