Тиа од Скопје, македонска убавица што нè направи горди пред светот: „Јужна Кореја е многу безбедна, ми годи титулата“

„Кога се запишав на факултет, првенствено беше факултет за област која не е моден дизајн. Но, тоа не ме направи среќна. Тоа беше период во животот кога научив дека вистинскиот пат е патот до среќата, каде и да води тој. Потоа, се запишав со огромна желба за студии по моден дизајн и добив целосна стипендија за целото мое студирање“, вели прекрасната Тиа (22) од Скопје, која е прогласена за најфотогеничната студентка на светот на Избор за убавина во Јужна Кореја.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-01.jpg

Тијана Петреска - Тиа (22) од Скопје беше избрана за Мис фотогеничност на изборот за убавина „Miss World University“, кој се одржа во Јужна Кореја.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-31.jpeg

Веста ги преплави нашите медиуми и горди сме на неа. Но, која е всушност Тијана?

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-50.jpeg

Поразговаравме со студентката која ни откри дека светот на модата, најмногу модниот дизајн, отсекогаш ѝ биле сон и дека посветено работи на тоа ова да стане нејзина професија.

Од каде љубовта кон модата, Тиа споделува за CRNOBELO.com:

„Мода, модели и моден дизајн ме интересирало уште од најрана возраст…

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-47.jpeg

Првите мои чекори кои ги започнав беа преку креирање облека на моите Bratz кукли… За време на летните и зимските распусти додека бев во основно училиште и во средно (а и до ден-денес), останував кај баба и дедо.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-08.jpg

Баба беше и остана да ми биде најголема поддршка во оваа област. Обожаваше да ме фотографира со различна облека, додека истовремено ме инспирираше и да создавам облека. Дизајнирав и цртав постојано…

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-09.jpeg

Кога се запишав на факултет, првенствено беше факултет за област која не е моден дизајн. Но, тоа не ме направи среќна.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-35.jpeg

Тоа беше период во животот кога научив дека „вистинскиот пат е патот до среќата”, каде и да води тој.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-07.jpeg

Продолжува на следната страна....



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg