Љубовната приказна на Мими и Филип: „За првиот танц сами си направивме песна, а на свадбата имав 3 венчаници“

Сè што сакавме и замислувавме имавме време да го исполниме и организираме

Никогаш нема да заборавам на нашиот прв танц и песна која ја направивме за тој момент, за пријателите и роднините кој беа крај нас и за сите тие среќни ликови кој ни го направија нашиот ден уште поубав. Времето поминува, но спомените и љубовта е она за што живеме и памтиме.

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-08.jpeg

Подготовките за денот на нашата венчавка траеа речиси една година.

Во подготовките навистина уживав, сакав секој детаљ да биде онака како што сум си го замислувала.

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-11.jpeg

За овој мој ден имав подготвено венчаница, креација на Зиане Бакиу. Имав замислено како да изгледам во мојата венчаница, а со нејзина помош тоа стана реално и совршено.

Венчаницата ја подготвуваа речиси еден месец. Благодарна сум исто така во текот на вечерта имав уште две венчаници чии креации беа на мојата драга пријателка Марија Делчев (Marushkalabel) од Србија.

Сè почна од нашиот дом каде што живееме, заедно со најблиските, сакавме да имаме мала прослава до одењето во црквата, но не сакавме да трае предолго, па се одлучивме нашите најблиски пријатели и роднини да се собереме и да наздравиме за денот во нашиот дом.

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-07.jpeg

Венчавката се одржа во божјиот храм Св. Димитрија во центарот на градот, а веднаш потоа имавме кратка фотосесија на неколку локации во Скопје.

Прославата продолжи во ресторан во Скопје, каде што беше и регистрацијата.

За првиот танц сами направивме песна непосредно пред свадбата во која се опишува нашата љубовна приказна. Наскоро и целата јавност ќе има можност да ја слушне бидејќи за истата подготвивме и видео, кое ќе ја прераскаже нашата љубов.

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-09.jpeg

Повеќе наши колеги застанаа зад микрофонот и запеаја заедно со нас.

На самиот ден не почувствувавме умор, иако претходните денови пред нашата свадба ние нашата енергија ја трошевме и бевме и на други свадби, каде забавуваме други младоженци, но таа енергија и сила што ни ја даде Бог тој ден беше посебна и беше вистинска.

На крајот на свадбата јас и Филип на шега си рековме дека можеме секоја година да правиме свадба бидејќи бевме многу среќни и уживавме во секој момент.“

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-05.jpeg

Повеќе фотографии од Мими и Филип на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Филип Тодоровски, пилот во Wizz Air: „Капетанот ја има најголемата одговорност за безбедноста на ави... „Поради неможност, пред сè поради финансиски причини, да го продолжам образовани...
Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во... „Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спие...
Љубовната приказна на Ксенија Николова и Ненад: „Ми беше симпатија уште во средно, тој е моето сидро... „Јас и Ненад се познаваме од средно и, верувале или не, тој ми беше симпатија уш...
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg