Салех од Венецуела живее во Куманово: „Чудно ми е што на тротоарите има автомобили, а македонската кујна ми е фантастична“
Кои беа првите зборови и фрази што ги научи на македонски јазик?
Здраво, како си? Ќути, катастрофа.
Се запозна ли со македонската уметност? Успеа ли да погледнеш некој филм, да слушаш музика од домашни музичари...?
Гледав различни македонски филмови пред да се преселам во Куманово, од Милчо Манчевски, Александар Ѓурчинов, како и мојот омилен документарен филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов „Медена земја“.
Пред некое време ја открив музиката на PMG Kolektiv, a ги сакам и песните на Дупер и старите македонски евергрини.
Мојата партнерка е писателка, па ми направи превод на неколку песни од Кочо Рацин за кои сметам дека се неверојатно прогресивни и убави.
Исто така, таа многу ми раскажуваше за природната убавина во Македонија, па затоа бев премногу возбуден кога пристигнав во Македонија и што ќе имам можност да ја истражам оваа прекрасна земја.
Кога ќе се оддалечиме од местото во кое долго време сме живееле стануваме носталгични. Што најмногу ти недостига?
Морето, океанот. И секако семејството и блиските пријатели. Иако морам да кажам дека Охридското Езеро е најубавото езеро што некогаш сум го видел.
Што проба од локалната кујна?
Македонската кујна е фантастична. Прво ќе го издвојам ајварот кој заедно со сирење и топол леб е превкусна комбинација. Сакам да јадам сарма, посебно кога е подготвена од баба ѝ на мојата партнерка и мусака.
Кои места успеа во Македонија успеа да ги посетиш за време на твојот престој?
Охрид, Герман, Кокино, Скопје... Има уште места што сакам да ги посетам.
Како за крај што е она што сакаш да го доживееш пред да се вратиш во Австралија?
Снег. Австралија има многу благи зими, а Карибите немаат зима воопшто. Јас досега секогаш патував на топли места или во текот на летото, така што никогаш не сум доживеал соодветна зима и немам видено снег.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. Х. | Црнобело