Александар Петровски: „Родителите треба редовно да ги мерат децата за рана детекција на нарушен раст и посета на ендокринолог“

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-07.jpg

Што подразбира примање на хормонска терапија за раст?

Примање на хормонска терапија за раст подразбира примање на заменски соматропин, кој го заменува природниот хормон кај детето, кој при одредено заболување е дефицитарен во организмот.

Секое дете кај коешто постои индикација за лекување со хормонот за раст, потребно е што поскоро да почне со терапија. 

Бенефитот на детето од хормонската терапија не е само во максималната висина којашто ќе ја добие на крајот од лекувањето, туку и бенефит на целокупната здравствена состојба на детето.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-05.jpg

Колкав временски период се прима?

Терапијата со хормонот за раст претставува хронична хормонска терапија, која се зема сè додека трае растот кај детето, односно додека не се затворат епифизите на коските (а со тоа растот завршува).

Морам да напоменам дека мал процент на деца имаат потреба од мали количини на хормон за раст и кога ќе станат возрасни личности.

Терапијата со хормон за раст се зема еднаш во денот, навечер пред спиење, поткожно со мала игличка во пределот на бутот или стомакот. Детални инструкции како се аплицира терапијата, родителите добиваат од одделот за ендокринологија на Клиниката за детски болести Скопје.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-endokrinolog-02.jpg

Доколку не се прима навреме терапија, кои се последиците кај овие деца кога ќе станат возрасни личности?

Секое задоцнето лекување кај детето кое има потреба од хормонот за раст, понатаму доведува до низок раст со кој личноста треба да живее целиот живот, а исто така ненавремено лекување може да доведе и до други нарушувања и заболувања како што се: кардиоваскуларни заболувања, мускулни болести, разни метаболистички нарушувања и слично.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-08.jpg

Потребна ли е психолошка помош кај децата за време на процесот?

Секако дека во текот на лекувањето е битна психолошката поддршка на децата.

Од исклучителна важност се летните едукативни кампови, во организација на Здружение РАСТ, каде што децата кои примаат хормон за раст, се запознаваат и дружат меѓу себе, имаат различни едукативни работилници, и предавања од страна на психолози, доктори и други компетентни предавачи, кои им помагаат да стекнат самодоверба и да научат дека после завршувањето со терапија, тие ќе бидат способни и продуктивни личности во општеството.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-09.jpg

Порака до сите родители…

Пораката до сите родители нека биде овогодишното мото со кое го одбележавме Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата:

„Само две мерења на висината годишно, можат да го променат животот на вашето дете“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург: „Најчести повреди се скршеници на колк, рачен зглоб, бут... „Ликот на пациент кој не верувал дека ќе застане без болка, на млад човек кој ми...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...
Љубица Димовска, дефектолог: „Родителите тешко прифаќаат дека се виновни за екранизмот на децата“ „Она што им паѓа најтешко на родителите е дека мора да го исклучат екранот, а со...
Елена Стојчевска за животот во Холандија: „Децата шетаат боси и зиме и лете, градинките се скапи и з... „Тука децата тргнуваат во прво одделение на денот на 4-иот роденден, мора да има...
Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“ „Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бра...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg