Миа Перевска: „За мене музиката е начин на живот, уште од 16 години сум придружен вокал на реномирани музичари“
Каков е вашиот однос со татко ти, колку тој те инспирираше да се занимаваш со музика и на какви проекти соработувате?
Ние сме блиски толку многу што дури и домовите ни се еден до друг со цел секоја шанса да ја користиме во заедничко присуство. Некогаш си поминуваме со убав муабет или со заедничка работа, а сакаме и да готвиме заедно или да правиме интересни прошетки на кои секогаш се креира некоја нова идеја.
Доста ме инспирираше преку музиката која ми ја наметна уште кога бев дете, а ме инспирира и до ден денес преку својата работа.
Ме запиша во музичко бидејќи ја почувствува мојата потреба за импровизација, така што дефинитивно тој е голем фактор за тоа зошто се занимавам со ова.
Соработуваме на негови, мои и туѓи проекти, секогаш разликата во стилови е голема, но наоѓаме креативни решенија од кои се раѓа нешто ново и можам да кажам дека константно учиме еден од друг.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело