Долгонога русокоса убавица од Струмица е копија на Барби: „Не ми пречи што ме споредуваат“ (фото)
- Детали
- среда, 16 март 2022
„Кога станува збор за физички изглед, нормално ми годи што ме споредуваат со Барби. Според мене Барби беше и остана стандард за убавина, иако во денешно време премногу се наметнува „песочен часовник“ тип на градба, со облини како Кардашијанс, но мене повеќе ми се допаѓа стандардната манекенска градба“, вели Верица Китанова (23) oд Струмица, која е дипломиран архитект, а работи и на своја линија за козметички продукти.
Верица Китанова (23) oд Струмица e дипломиран архитект, моментално на Мастер студии. Оваа долгонога русокоса убавица неретко ја споредуваат со Барби.
Таа живеела извесен период во Германија, а сега е во Скопје каде работи на развојот на својот козметички бренд.
Со неа поразговаравме за споредбата со култната кукла Барби, дали тоа ѝ годи, како и за нејзините рутини за нега и убавина:
Како го негуваш лицето, имаш ли некоја посебна рутина?
Со оглед на тоа што никогаш не сум имала проблем со акни, продуктите за нега кои ги користам се исклучиво за хидратација на кожа. Најважно ми е чистењето на лицето и да имам добра крема и маска.
Често правам и третмани за лице, најчесто класичен, а трипати годишно правам дермапен во козметички салон.
Дали вежбаш редовно?
Да, веќе 2 ипол години тренирам 5/6 пати неделно. Во теретана точно знам кој ден кој дел од телото го вежбам бидејќи сакам да им дадам време на мускулите да закрепнат.
Покрај тоа, се трудам да правам и 10.000 чекори дневно.
Внимаваш ли на исхраната? Како ти изгледа дневното мени?
Јас веќе 3 години сум вегетаријанец, а скоро две години комплетно ги имам исклучено млекото и млечните производи. Скоро секој оброк го готвам сама, бидејќи сакам да мерам нутритивни вредности и калории.
Имам цел да внесувам 120g протеини дневно и колку што е можно помалку јаглехидрати, така што во главно моите оброци се сведени на протеински десерти, веганско месо, тофу и јајца.
Обожавам благо, па секогаш во фрижидер имам вегански колач. Не сум љубител на паста и брашно, затоа воопшто не ми паѓа тешко да се изолирам од глутен.
Сепак, кога сум надвор, во друштво сакам да сум флексибилна колку што можам и тогаш си дозволувам да консумирам преработена храна.
Дали ти пречи да те споредуваат со Барби?
Кога станува збор за физички изглед, нормално ми годи. Според мене Барби беше и остана стандард за убавина, иако сè повеќе се форсира тој „Bratz Dolls“ ефект.
Премногу се наметнува тој „песочен часовник“ тип на градба, со облини како Кардашијанс, но мене повеќе ми се допаѓа стандардната манекенска градба.
Настрана од тоа, јас нудам многу повеќе од Барби изглед, а тоа го знаат само луѓето што ме познаваат приватно.
Со што се занимаваш?
Јас сум архитект по професија, моментално сум на Мастер студии на American College. Во исто време работам на мојот бренд за убавина, KITA beauty, кој нуди вегански 3Д трепки изработени од растителни влакна.
Ме интересира естетика генерално, па умеам да ја најдам и во просторот како архитект и во женското тело, кое е мојата прва љубов.
Сакам да создавам продукти кои им помагаат на жените да се чувствуваат самоуверено, бидејќи знам колку е важно да си задоволна од самата себе.
Имаш ли некое хоби, како си го исполнуваш слободното време?
Моето хоби дефинитивно е патување и готвење. Авантурист сум, па секој слободен миг го користам за нови места, дегустација и учење нови работи.
Секое патување ми претставува задоволство бидејќи тоа ми е уште една шанса да ја искористам својата креативност на аутфити и фотографии.