Долгонога русокоса убавица од Струмица е копија на Барби: „Не ми пречи што ме споредуваат“ (фото)
Животно мото ти е...
Да правам сè што ме прави среќна. Не сум личност која има огромен број на пријатели, па така на некој начин сум се изолирала од туѓите мислења.
Сè што сум замислила со моите 23 години, сум остварила и многу често тоа не би било прифатено како „нормално“ во рамките на нашето општество, но јас сум индиферентна во тој поглед и сакам да ги правам работите по свое.
Како ги негуваш телото и косата?
За телото, дефинитивно вакуум слим пред лето, за отстранување целулит и ласерска епилација на тело. Трајната епилација е инвестиција во сопственото тело, која заштедува многу време и болка.
И се трудам многу да ја негувам косата бидејќи ја фарбам еднаш месечно со силен хидроген, а интензивното фарбање го прави своето.
Каде се гледаш во иднина, каде би сакала да живееш по завршувањето на Мастер студиите?
Не можам да одговорам бидејќи не сум личност која се врзува за места, ниту сум лесно прилагодлива. Би се преселила само таму каде што би имала сличен начин на живот како во Скопје.
Претходно живеев во Германија, но не ми се допадна мрачноста и монотонијата на секој нов ден. Не би можела да живеам во место без сонце, без топли луѓе и без чувство за дизајн и мода.
Повеќе фотографии од Верица:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело