Горан Божиновски, колекционер на албуми со сликички: „Aлбумот за ЕУРО 2020 не ме чинеше повеќе од 6.000 денари“

Горан Божиновски од Скопје е голем фан на фудбалот, особено на Интер, страстен навивач на нашата фудбалска репрезентација и еден од многуте кои со нетпрение го очекуваат почетокот на ЕУРО 2020.

goran-bozinovski-kolekcioner-na-albumi-so-slikicki-kompletiranjeto-na-albumot-za-euro-2020-ne-me-cinese-poveke-od-6-000-denari-01.jpg

Поттикнат од бројните пресметки по порталите за тоа колку чини да го пополните албумот со самолепливи сликички ја сподели со нас неговата пресметка и ни раскажа повеќе за неговата љубов кон фудбалот и колекционерството на албуми со сликички од првенства.

„Пасијата за собирање албум со самолепливи сликички од Светски и Европски првенства датира уште од 1990 година (од мои речиси 5 години) кога заедно со мојот татко, кој во младоста бил надежен фудбалер, го собиравме албумот од Светското првенство во Италија. Сѐ уште жалам што при неколкуте селидби, некаде се загубил, но сеќавањата од тоа прво искуство ми се мали, но сепак врежани во меморијата“ – раскажува Горан за почетокот на неговата љубов кон албумите со сликички.

goran-bozinovski-kolekcioner-na-albumi-so-slikicki-kompletiranjeto-na-albumot-za-euro-2020-ne-me-cinese-poveke-od-6-000-denari-02.jpg

„Првиот лично мој албум со самолепливи сликички што активно и самостојно го собирав беше од Светското првенство во САД 1994. Сеќавањата на фудбалски легенди како Баџо, Малдини, Паљука, Тафарел, Бебето, Ромарио ми будат многу емоции. Радоста кога ќе ми се паднеа омилените фудбалери беше секогаш огромна.“

Вели дека желбата Македонија да биде дел од Европско првенство била негов сон.

„Македонија игра на ЕУРО 2020, радоста и возбудата се неизмерни, исто како на мои 8-9 години, можеби дури и поголеми, бидејќи Пандев и останатите од тимот нѐ однесоа на најважното континентално натпреварување и нѐ направија навистина горди Македонци.“

goran-bozinovski-kolekcioner-na-albumi-so-slikicki-kompletiranjeto-na-albumot-za-euro-2020-ne-me-cinese-poveke-od-6-000-denari-08.jpg

Горан го пополнил албумот за ЕУРО 2020 неодамна, па го запрашавме, колку навистина го чинеше ова задоволство:

„Кога во април почнав да го собирам албумот за ЕУРО 2020 случајно наидов на неколку статии од странство, а пренесени и на нашите портали за тоа колку чини да се собере еден албум со сликички.

Ме замисли, заинтригира и ја разбуди мојата љубопитност, а тоа што сум дипломиран економист (сметководител и економски вештак по професија), дополнително гo поттикна моето љубопитство и првична пресметка од око дека трошокот за собирање на албумот не е толку голем колку што беше прикажан во една статија (некои 200+ ЕУР).

Пресметката ја правев и ажурирав секој ден кога ќе купев нови пакетчиња со сликички (кои по навика ги чувам со надеж дека ќе им текне како порано да дадат некоја награда за собрани одреден број празни пакетчиња).

Албумот го собрав за околу еден месец, а резултатите од деталната пресметка се следни (Табела во прилог):

goran-bozinovski-kolekcioner-na-albumi-so-slikicki-kompletiranjeto-na-albumot-za-euro-2020-ne-me-cinese-poveke-od-6-000-denari-04.jpg

goran-bozinovski-kolekcioner-na-albumi-so-slikicki-kompletiranjeto-na-albumot-za-euro-2020-ne-me-cinese-poveke-od-6-000-denari-005.jpg

Купени (143 пакетчиња * 40,00 денари) + 80,00 денари албум со 6 сликички = 5.800,00 денари
143 пакетчиња + 6 сликички од албум = 721 сликички (албумот има вкупно 654 сликички)
Останати 67 дупликати (дадени на деца откако ги собрав, како и за последната сликичка што ми недостигаше).

Собирањето на овој албум ме чинеше вкупно 5.800,00 денари, што сметам дека е прифатлив износ за ваков вид задоволство, посебно за колекционери на албум со сликички, како и фанови на најважната споредна работа во светот – фудбалот.

Нискиот износ за собирање и комплетирање на албумот и малкуте останати дупликати секако се должи на историскиот успех на македонската репрезентација која се пласираше на Европско, па секој втор Македонец/ Македонка го собира албумот.

Секое спонатано собирање на „Фонтана’’ во парк и пред ,,Бисер’’ во Аеродром менував по 40-50 сликички, така што речиси и да не ми остануваа дупликати.

Последната сликичка што ми фалеше беше како што го нарекувам јас „невистинскиот” Роналдо, а радоста и возбудата кога ја добив мислам дека ми беше иста како на 9 годишниот Горан што во далечната 1994 година го собираше својот прв албум.“

Негов „тимски другар“ е синот Андреј со кој уживаат во фудбалските задоволства.

goran-bozinovski-kolekcioner-na-albumi-so-slikicki-kompletiranjeto-na-albumot-za-euro-2020-ne-me-cinese-poveke-od-6-000-denari-07.jpg

„Традицијата на собирање на албум со сликички се надевам ќе продолжи и со мојот 5 годишен син, кој на мое изненадување, навистина се радуваше и беше возбуден кога ги лепевме сликичките во албумот, а за својата возраст научи и зачудувачки многу имиња на фудбалери, како и сите репрезентации кои учествуваат на првенството.

Инаку, двајцата сме големи фанови на скоро сите спортови и ги бодриме сите македонски репрезентации, а посебно сме и огромни фанови на фудбалскиот клуб Интер од Италија, од каде што и потекнува произведувачот на ова самолепливо задоволство Панини.

goran-bozinovski-kolekcioner-na-albumi-so-slikicki-kompletiranjeto-na-albumot-za-euro-2020-ne-me-cinese-poveke-od-6-000-denari-08 (1).jpg

Се надеваме наскоро, кога ќе пројде пандемијата, заедно ќе го посетиме легендарниот стадион на Интер во Милано - ,,Џузепе Меаца’’ и ќе навиваме за нашиот омилен фудбалски клуб, кој имав задоволство на два пати да го гледам во живо, еднаш на градското дерби против Милан и еднаш во Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд во Дортмунд.“

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg