Давид (30) од Скопје се пресели да чува кози на село: „Козите се мелем за душа, а цел ми е Раштак да го направам светски славно“

Дали се чувствуваш поздраво откако се отсели од Скопје?

Да, дефинитивно и физички и психички, до душа секогаш може и подобро, но не сакам да се откажам од сите навики, сметам дека треба по нешто и да се разликуваме од растенијата, тука пред сè мислам на цигарите како штетна навика. Голем удел има средината во која сега живеам, но и предизвиците на самата професија во која се очекува физичка кондициска подготвеност, но и носењето на разумни и решителни одлуки во вистинско време, како и прифаќање на реалноста како факт.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-19.jpg

Во селото дали лесно доаѓаш до намирници потребни за живот? Што си одгледуваш сам?

Ако живеам во село не значи дека живеам во пештера, погрешна е таа перцепција барем во мојот случај, вистина е дека немаме банкомат, супермаркет или бензинска, но сигурен сум дека храната со која се храниме е многу добра и вкусна бидејќи е локална и природна, наводнувана со потокот од планината.

За останатите потребни намирници носиме од градот, за 20 минути сме во центар на Скопје.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-15.jpg

Да не чуваше кози, ќе чуваше …

Навистина тешко прашање, во паметов имам толку многу идеи, навистина не знам, но на ред е овоштарник.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-18.jpg

Како реагираат девојките кога ќе им кажеш со што се занимаваш? Запознаваш ли вљубенички во природата и руралниот стил на живот?

Денеска е модерно да чуваш кози и сè повеќе наидува на симпатии и интерес за запознавање и дружење, шетање и галење со козите, па дури и чешлање. Добро е што сè повеќе се охрабруваат и тоа е логичен исход иако доцниме со времето.

По светов има девојки кои одгледуваат кози и произведуваат сапуни или сирење, би издвоил една девојка од Украина која секој ден се шета со козите, вели дека козите се нејзина пасија, дека градовите се истрошени и немаат што повеќе да понудат освен девијација … Има куп вакви примери, важно е да се разбере дека не може сите да живеат во Холивуд, патем и досадно е, недостасува предизвик.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-03.jpg

Најтешка дневна обврска околу козите ти е …

Не постои тешко-лесно, бидејќи тоа што се мора нема сакам-нејќам, во тоа и ја пронаоѓам убавината да се биде човек.

Би го издвоил како опасно врзувањето и пуштањето на јарците во период на парење кога не се при себе и се водат по нагон, мора да се внимава бидејќи ѕвер од 100 – 120 кг вооружен со рогови не е за потценување.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-20.jpg

Најзабавна дневна обврска околу козите ти е …

Сигурно најубав момент е кога им помагам при породување на козите, дур ја тргам обвивката од муцето на јарето, кога ќе ме лижне мајка му по глава во знак на благодарност. Скапоцено.

Има ли опасност од диви животни? Си имал ли некој непријатен настан со козите?

Секако дека постои опасност, имам неколку загуби на кози и јариња од волци првите години, таква е играта, планина е, има волци, змии, еднаш дури една коза ја касна змија, поскок, па интервенирав и ја спасив козата благодарение на дедо Мирче од соседното село кој ми даваше инструкции по телефон.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-16.jpg

Единствената мана на животот во село е …

Лето, кога е најтопло и кога сите се по одмори, фармерите тогаш обезбедуваат храна за добитокот за зимскиот период, иако и тоа има своја убавина, мирисот на косено сено и сите билки во него.

Најголемата предност на животот во село е …

Нема семафори, нема правила наметнати од човек, тука планината е главна, ни останува да живееме во склад со природата, со сите нејзини благодати.

david-30-od-skopje-se-preseli-da-chuva-kozi-na-selo-kozite-se-melem-za-dusha-a-cel-mi-e-rashtak-da-go-napravam-svetski-slavno-17.jpg

Што си посакуваш за 10 години од сега?

Да го прославам Раштак ширум светот.

Уште фотки од Давид и неговите кози на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg