Сања Камберска: „По илјадници таблети, стотици инјекции, безброј солзи ја добив мојата Каја“
Како помина бременоста? Како се чувствуваше кога доби ќерка?
Се прашував дали сум подготвена за доаѓањето на бебето кога тоа ќе реши да дојде?
Изгледаше толку едноставно и сигурно. Ќе влезам во болница бремена, а ќе излезам како мајка.
Тукушто беше пресечена папочната врвца на Каја, а она го испушти тоа невино гласче. Рацете и нозете ми трепереа, а и по некоја солза се стркала по образот.
Тоа чувство кога го гледате своето дете за првпат. Или пак чувството како е да се будите покрај него. Тоа е сосема нова љубов, која никој од нас ја нема почувствувано претходно.
Сите лоши нешта што ти се случиле претходно, кои ги имаш почувствувано одеднаш исчезнуваат, кога ќе ги погледнеш очите на своето детенце.
Кога се реализирав како мајка, тоа ми даде сосема нова смисла на животот. Мајка дефинитивно е најтешката и најубавата улога на светот.
Порака до жените кои имаат проблем со забременувањето?
Се надевам дека многу мајки што го поминале истиот пат (некои со среќен крај како мене, а некои за жал без успех сè уште) ќе се пронајдат во ова интервју.
Само едно ќе им посакам: „Никогаш не треба да очајувате и да се обесхрабрувате!“
Најубавите и најпосакуваните желби немаат цена, само треба искрено да ги сакате и да се борите за нив до крај.
Се гледаме за второ!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело