Македонка прави модни илустрации: „Среќна сум кога Лила, Тамара, Лоба споделуваат мои дела“

Марија Палоска е млада, талентирана и креативна и е вистинска инспирација со љубовта и посветеноста кои ги чувствува кон своето хоби.

makedonka-pravi-modni-ilustracii-srekjna-sum-koga-lila-tamara-loba-spodeluvata-moi-dela-01.jpg

Хобито е одличен начин да избегате од напорното секојдневие полно со обврски, плус е вистинска храна за духот. 19-годишната Марија Палоска од Скопје, која е студент на Економскиот факултет, вели дека животот не може да си го замисли без своето омилено хоби - модните илустрации.

На прашањето зошто ова не ѝ стане професија, Марија вели:

„Хоби е нешто што нè одмора од обврските и прави да се чувствуваме среќни и исполнети, па затоа не сакам да ја уништам магијата.“

makedonka-pravi-modni-ilustracii-srekjna-sum-koga-lila-tamara-loba-spodeluvata-moi-dela-02.png

Таа открива дека уште како  мало девојче обожавала да ги црта креациите од телевизија и да смислува и свои уникатни илустрации. Своите дела ги споделува на Инстаграм профилот, кој го има веќе неколку години.

Во секоја илустрација вложува многу време, енергија и љубов.

„Многу ми значи кога ќе ги видам моите креации споделени кај Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Жаре од Еден на еден, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, светската блогерка Xenia и други познати личности.“

makedonka-pravi-modni-ilustracii-srekjna-sum-koga-lila-tamara-loba-spodeluvata-moi-dela-04.png

makedonka-pravi-modni-ilustracii-srekjna-sum-koga-lila-tamara-loba-spodeluvata-moi-dela-03.png

За себенадградбата...

„Сè уште се трудам да се подобрувам и да вежбам и да усовршам некои работи. Критиките се секогаш добредојдени и треба да ги прифаќаме онака како што ги прифаќаме пофалбите.

Од неодамна почнав да правам и персонализирани илустрации како еден уникатен подарок за родендени или други пригоди, а нивната цел е секоја девојка да се чувствува посебна и убава на свој начин.

Често ги гледаме познатите на илустрациите на светските артисти и се воодушевуваме колку добро изгледаат нацртани и со колкаво внимание тоа е направено, а нешто слично сакам да понудам и јас во нашата земја и колку што можам да направам девојките да се чувствуваат убаво, како во сопствената кожа, така и на мојата илустрација.“

Некои од делата на Марија што ги споделува на Инстаграм:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Каде е и што прави денес атрактивната Сакине од групата „4 Play“? „Во моментот се подготвувам за преселба на неколку години во Швајцарија, каде жи...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg