Гоце САФ: Не немаштијата, туку политиката ни ги уништи журките!

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-001.jpg

Ако го свртите времето наназад ќе видите многу флаери и журки кои беа етикетирани со Гоце САФ. Скопје памети и сè уште доживува одлични журки. Диџејот кој од 90-тите па навака не мирува во ноќниот живот, како кај нас, така и на балканот, а сега и многу подалеку.

Во студиото на Гоце САФ сретнавме инструменти стари од 60-тите и 70-тите години. Студио кое испишува историја и еден човек и диџеј кој е култна икона во Скопје, Македонија и многу подалеку.

Одблиску, во студиото на Гоце САФ, екипата на CRNOBELO.com и неговата историја за пуштањето музика и продукцијата за која вели дека му е прва работа во моментов.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-02.jpg

Гоце, ти фали ли времето на САФ, почетоците, енергијата?

Тоа што го правевме со САФ го продолжив и со други луѓе. Искрено би ми било драго да доаѓаат во студио и да снимаме, ама они се пензионираа. Има сега нешто, ама ај да не зборам пред рака, може ќе има, ќе видиме.

Гоце, ајде да се вратиме во времето на плочите?

Види, сега се пак плочите. Еве тоа може да се забележи и кај мене во студио. Користиме и софтвер, ама еве минатата година плочите пак ги поминаа цд-ињата во продажба. Последните 3-4 години се вратија винил сетовите. Ми се свиѓа сега технологијата ти овозможува некои нови нешта, секако дека е добро.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-09.jpg

Почна во 90-тите, колку е тешко да се пробиеш?

Искрено, знам дека еве во клубовиве кога ќе им понудиш некој добар диџеј, а не го слушнале името, им треба некои 6 месеци да го испроцесираат.

Некогаш и денес, што е сменето?

Сменети се времињата скроз. Кога почнувавме, тоа беше еве го и постерот во 96-та во клубот Пони, тоа беа обиди за наши журки. Носевме еден грамофон, едно ЦД, еден дек на касети.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-10.jpg

Кога и каде прв пат пушти музика?

Па токму тоа е местото, Пони, 1995-6та година.

Колку години имаше кога прв пат пушти музика?

Па некаде 17 години имав, хахаха.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-08.jpg

Се постигнува ли со оваа работа да бидеш посветен сопруг и татко?

Види јас немам регулар работа, нешто од 8 до 4 или слично. Децата кога ќе ми се вратат од училиште јас сум веќе свеж, станат, и секако дека може да се функционира.

Што би вратил ти од порано?

Ми фали енергијата кај луѓето. Ги утепаа со политика.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-13.jpg

Мислиш дека политиката е главен фактор зошто луѓето не се забавуваат како порано?

Па да, еден од факторите е тоа. Зошто немаштијата не е фактор. Идеме по градови каде што немаат луѓето, ама енергијата е друга.

Кога сме кај журките, кои се 3-те клучни песни без кои не може твоја журка да помине?

Па без “Раце горе” не може да помине една журка, Jump Around, Run DMC имаат неколку траки, тоа се тие без кои не проаѓа журка.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-07.jpg

Мислиш ли дека има премногу диџеи денес?

Се сменија работите, артистите почнаа да стануваат диџеи на светско ниво зошто денес има многу повеќе работа како диџеј. Сите во глобала рапери од времето, а и новите, работат како диџеи, зошто има побарувачка и хонорар.

Од кого учеше ти?

Па немавме ние од кого да учиме. Јас прв што го видов да скречува беше Рифат од Чиста Околина, ама Рифат не пушташе музика, само скречуваше на албумот на Чиста Околина на песни. Го слушав Диџеј Премиер на плочи што прави. Немаше кој да ти објасни. Сега е супер, на Јутуб има туторијал и можеш да видиш.

Мислиш ли дека не ти се потребни социјални мрежи? Еве, немаш Фејсбук?

Ако можат од надвор луѓето да ми најдат контакт и број не гледам реална потреба од Фејсбук. Ме има фатено инает, реков дека ќе го скокнам Фејсбук и тоа е тоа.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-06.jpg

Каде имаш пуштено музика, освен Македонија?

Па последниве три месеци, прошетав здраво. Пуштав во Џез Кафе во Лондон, во Париз, бев на една цела турнеја со Gang Starr Foundation. Германија, Франција, Холандија, Англија, Австрија, секаде бев со нив. Минатиот викенд бев во Србија. Три недели пред тоа бев во Амстердам, пуштав музика на една журка таму што сега ќе ја правиме и во Скопје што го носи насловот „Do the right thing“, пуштав заедно со диџејот на Red Man и Method Man. Така да, интересно беше навистина.

Во ова студио има и навистина стари инструменти?

Имам од Леб и Сол, имам и ритам машина од Оливер Мандич. Види, јас имам колекција на стари семплери што се ретки на балкан и ги нема. Ова се 12 битни семплери, во времето од кога биле од 8 бита на 16 бита, ова е некоја меѓу зона, сива зона. Продукцијата ми е мене број еден работа.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-03.jpg

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-11.jpg

Кога сме кај продукцијата, на што работиш сега?

Сега последно на Group Home, еден од моите омилени Њујоршки бендови им излегува албумот во февруари, тука има и моја трака – The Golden Age. Сега почнав надвор со продукцијава, во последниве годинии баш е борба. На Балкан не ми било проблем, ама подалеку од таму дури сега пред некоја година почнав. Conquering Lion го снимаа целиот албум тука, исто сега во февруари им излегува на 24-ти. Направиме со STR2 I Conquering Lion – Faith, е и таа трака ја пуштам по клубови сегде. Со Tonyo San ми излегува албум исто. LD Pistolero вади албум соло, веќе снимени 60%. Имам материјал снимен скоро за цел албум и тоа веројатно ќе излезе. Треба со некои французи да работам, со Bad Copy, со Тимбе. Треба втор дел од турнејата, оваа светската со Gang Starr Foundation. Има, навистина има, за некои сè уште договараме и тоа е тоа.

goce-saf-ne-nemastijata-tuku-politikata-ni-gi-unisti-zurkite-05.jpg

Автор: Сања Стојковска
Фото: Prazno Mesto Photography
(c) CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg