Даниел е сопственик на ресторан во Германија: „Ништо не беше преку ноќ и на среќа - ова беше борба цели 5 години“
- Детали
- недела, 13 април 2025
„Идејата да отворам ресторан во Германија ми беше уште од првиот ден кога се преселив тука. Служиме тавче-гравче, скара и македонско грне“, вели Даниел Петровски (37) за CRNOBELO.com, кој е сопственик на ресторанот „Scala Coffee & Restaurant Hanau“ во германскиот град Ханау.
Даниел Петровски (37), од Валандово, е Македонец на кој веќе 7 години Германија му е дом. Таму, тој е сопственик на ресторан, кој го работи заедно со сопругата.
Даниел како професија го избрал угостителство и повеќе од 2 години успешно го води ресторанот „Scala Coffee & Restaurant Hanau“ во градот Ханау.
Ханау е блиску до Франкфурт на Мајна, односно на околу 25 километри источно, и е познат и како родно место на браќата Грим.
Градот Ханау има околу 100.000 жители, со што спаѓа во редот на средно големи градови во Германија.
фото: depositphotos.com
Ханау е важен индустриски и културен центар во регионот, а поради близината до Франкфурт, многу луѓе работат во Франкфурт, а живеат во Ханау.
Исто така, има мешана популација со голем број доселеници, меѓу кои и многу луѓе од Балканот.
фото: depositphotos.com
Даниел вели дека за да го реализира својот сон да има ресторан во Германија му биле потребни 5 години и воопшто не било лесно.
Со Даниел поразговаравме за неговиот ресторан во Германија:
„Идејата да отворам ресторан ми беше уште од првиот ден кога дојдов во Германија, ама не беше така лесно како што мислев.
Требаше малку повеќе време додека да се реализира – околу 5 години постојано барав соодветна локација.
Секогаш барав добра локација, со убава тераса и со сè што ми беше важно, ама секогаш нешто недостигаше.
Ништо не беше преку ноќ и на среќа – ова беше борба и истрајност.
Сум бил на преку 100 термини за гледање објекти. И така, еден ден дојдов на термин да го видам ова место и веднаш знаев дека тоа е тоа што го барам и тоа што го сакам.
Постапката за отворање ресторан е сложена, има многу документи за пополнување, ама сè може да се реши.
Јас го завршив тоа за 4-5 месеци, додека паралелно се реновираше и ресторанот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





